114 | Македонски
надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен
краток спој и батеријата може да се запали, да пушти
чад, да експлодира или да се прегрее.
Неупотребената батерија држете ја подалеку од
u
канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари,
клинци, завртки или други мали метални предмети,
што може да предизвикаат премостување на
контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата
може да предизвика изгореници или пожар.
Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од
u
краток спој.
Користете ја батеријата само во производи од
u
производителот. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од долготрајно изложување на сончеви
зраци, оган, нечистотии, вода и влага.
Инаку, постои опасност од експлозија и
краток спој.
Батериите полнете ги со полначи што се
u
препорачани исклучиво од производителот.
Доколку полначот за кој се наменети одреден вид на
батерии, се користи со други батерии, постои
опасност од пожар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Бидете сигурни, дека децата
не доаѓаат во допир со
копчестата батерија.
Копчестите батерии се опасни.
Никогаш проголтувајте ги копчестите батерии и не
u
ставајте ги други отвори од телото. Доколку постои
сомневање дека копчестата батерија е проголтана
или е вметната во друг дел од телото, веднаш
побарајте медицинска помош. Проголтувањето на
копчеста батерија може во рок од 2 часа да доведе до
сериозни внатрешни изгореници или смрт.
При замена на копчестата батерија, проверете дали
u
е правилно заменета. Инаку, постои опасност од
експлозија.
Користете ги само копчестите батерии наведени во
u
ова упатство за користење. Не користете други
копчести батерии или друго снабдување со струја.
Не се обидувајте повторно да ја полните копчестата
u
батерија и не ја премостувајте. Копчестата батерија
може да протече, да експлодира, да се запали и да
повреди лица.
Прописно отстранете ги и фрлете ги испразнетите
u
копчести батерии. Испразнетите копчести батерии
може да протечат и со тоа да го оштетат производот
или да повредат лица.
Не ја прегревајте копчестата батерија и не ја
u
фрлајте во оган. Копчестата батерија може да
протече, да експлодира, да се запали и да повреди
лица.
1 609 92A 7NL | (17.05.2022)
Не ја оштетувајте копчестата батерија и не ја
u
расклопувајте. Копчестата батерија може да протече,
да експлодира, да се запали и да повреди лица.
Копчестата батерија не ја доведувајте во контакт со
u
вода. Литиумот што истекува може со вода да создаде
водород и со тоа да доведе до пожар, експлозија или
до повреди на лица.
Не ја користете повеќе батериската светилка, ако
u
капакот на батеријата веќе не може да се затвори,
извадете ја копчестата батерија и поправете ја
батериската светилка.
Осигурајте се дека светлото на батеријата не е
u
случајно и/или неовластено управувано
преку Bluetooth®. Внесете PIN со Bosch-Апликацијата.
Батериската светилка е опремена со безжичен
u
интерфејс. Треба да се внимава на локалните
оперативни ограничувања, на пр. во авиони или
болници.
Деактивирајте го безжичниот интерфејс на пр. при
u
транспорт. За да го исклучите безжичниот интерфејс
отстранете ги копчестата батерија и батеријата.
Пред вклучување на батериската светилка со
u
помош на Bosch-апликацијата бидете сигурни, дека
има визуелен контакт до батериската светилка и
дека се запазени сите безбедносни мерки.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Оваа батериска светилка не е предвидена за
u
користење од страна на деца и лица со ограничени
физички, сензорни или ментални способности или
недоволно искуство и знаење. Оваа батериска
светилка може да ја користат деца над 8 години
како и лица со ограничени физички, сензорни и
ментални способности или со недоволно искуство и
знаење, доколку се под надзор од лица одговорни
за нивната безбедност или се подучени за
безбедно ракување со батериската светилка и ги
разбираат опасностите кои може да произлезат од
тоа. Инаку постои опасност од погрешна употреба и
повреди.
Не им дозволувајте на децата да ја користат
u
батериската светилка. Таа е наменета за
професионална употреба. Децата можат од
невнимание да се заслепат себеси или други лица.
Вербалниот жиг Bluetooth® како и логоата се
регистрирани трговски марки и се сопственост на
Bluetooth SIG, Inc. Секоја употреба на овој вербален
жиг/лого се извршува со Robert Bosch
Power Tools GmbH лиценца.
Bosch Power Tools