OBJ_BUCH-633-006.book Page 128 Tuesday, August 30, 2016 3:17 PM
128 | Македонски
Користете ги електричните апарати, опремата,
додатоците за алатите итн. во согласност со ова
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните
услови и дејноста што треба да се изврши.
Користењето на електрични апарати за друга употреба
освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Сервис
Поправката на Вашиот електричен апарат смее да
биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на
оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на електричниот
апарат.
Безбедносни напомени за рендиња
Почекајте додека секачот на вратилото не се смири,
пред да го оставите електричниот апарат. Доколку
секачот на вратилото уште ротира додека го оставате,
може да се закачи за горната површина и да доведе го
губење на контролата како и тешки повреди.
Држете го електричниот апарат на изолираните
дршки, бидејќи секачот на вратилото може да го
фати сопствениот струен кабел. Контактот со
струјниот кабел може да ги стави под напон металните
делови на уредот и да доведе до електричен удар.
Зацврстете го делот што се обработува со стеги или
на друг начин на една стабилна подлога. Доколку го
држите делот што се обработува само со рака или
спроти телото, тој е нестабилен и ова може да доведе до
губење на контролата.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување или може да
предизвика електричен удар.
Не ја фаќајте исфрлената струготина со раце. Може
да се повредите од ротирачките делови.
Доколку е вклучен, не го водете електричниот
апарат директно кон делот што се обработува. Инаку
постои опасност од повратен удар, доколку алатот што
се вметнува се заглави во делот што се обработува.
При работата рендето држете го секогаш на начин
што подлогата на рендето секогаш ќе лежи на делот
што се обработува. Инаку работата со рендето може
да се навали и да доведе до повреди.
Не рендајте никогаш над метални предмети, клинци
и шрафови. Секачот и вратилото на секачот може да се
оштетат и да ги зголемат вибрациите.
1 609 92A 2PK | (30.8.16)
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за рендање на дрвени
материјали како на пр. греди и даски на цврста подлога.
Тој е погоден за искосување на рабови и за правење
засеци.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Вртливо копче за подесување на длабочината на
струготината (изолирани дршки)
2 Исфрлувач на струготини (по избор десно/лево)
3 Депо за секачот на рендето/клучот
4 Скала за подесување на длабочината на струготината
5 Блокада при вклучување на прекинувачот за
вклучување/исклучување
6 Прекинувач за вклучување/исклучување
7 Поклопец за ременот
8 Завртка за поклопецот за ременот
9 Лост за селекција на правецот на исфрлање на
струготините
10 Подлога на рендето
11 V-жлебови
12 Рачка (изолирана површина на дршката)
13 Глава на секачот
14 Затезен елемент за секачот на рендето
15 Шраф за прицврстување на секачот на рендето
16 HM/TC-секач на рендето
17 Странична заштита за вратилото на секачот
18 Инбус клуч
19 Црево за вшмукување (Ø 35 мм)*
20 Вреќичка за прав/струготини*
21 Паралелен граничник*
22 Завртка за заклучување на подесената ширина на
засекот*
23 Шраф за прицврстување на паралелниот/аголниот
граничник*
24 Аголен граничник*
25 Завртка за заклучување на подесениот агол*
26 Шраф за прицврстување на граничникот за
длабочина на засекот*
27 Граничник за длабочина на засекот*
Bosch Power Tools