OBJ_BUCH-633-006.book Page 131 Tuesday, August 30, 2016 3:17 PM
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
При оптоварување се намалува бројот на вртежи.
Оставете го електричниот апарат неоптоварен на највисок
број на вртежи во празен од околу 30 секунди да се олади.
Совети при работењето
Процес на рендање (види слика G)
Поставете ја саканата длабочина на стругање и поставете
го електричниот апарат со предниот дел на подлогата од
рендето 10 на делот што се обработува.
Доколку е вклучен, не го водете електричниот
апарат директно кон делот што се обработува. Инаку
постои опасност од повратен удар, доколку алатот што
се вметнува се заглави во делот што се обработува.
Вклучете го електричниот апарат и водете го со иста
брзина по површината што ја обработувате.
За постигнување на висококвалитетни површини,
работете со мала брзина и со постојан притисок на
центарот на подлогата на рендето.
При обработка на цврсти материјали, на пр. цврсто дрво,
како и при користење на максималната ширина на
рендето поставете мала длабочина на стругање и ев.
намалете ја брзината на рендање.
Зголемената брзина го намалува квалитетот на горните
површини и може да доведе до брзо затнување на
исфрлувачот на струготини.
Само острите секачи на рендето овозможуваат добар
капацитет на сечење и зголемуваат рокот на употреба на
електричниот апарат.
Вградениот држач на рендето при паузирање 28
овозможува продолжување на процесот на рендање
откако ќе прекинете, на одреден дел од парчето што се
обработува:
– Електричниот апарат со надолу притиснат држач на
рендето при паузирање, поставете го на другото место
од делот што треба да продолжи да се обработува.
– Вклучете го електричниот апарат.
– Притиснете на предниот дел од подлогата на рендето и
полека турнете го електричниот апарат нанапред ().
Притоа држачот на рендето при паузирање ќе се
притисне нагоре (), така што задниот дел на
подлогата на рендето повторно ќе легне на делот што се
обработува.
– Водете го електричниот апарат со иста брзина по
површината што се обработува ().
Закосување на рабови (види слика H)
V-жлебот на предната страна на подлогата на рендето
овозможува брзо и едноставно закосување на рабовите од
делот што се обработува. Употребете го соодветниот V-жлеб
според саканата ширина на засекување. Притоа поставете
го рендето со V-жлеб на работ од делот што се обработува и
водете го по должина на делот што се обработува.
Bosch Power Tools
Употребен жлеб
нема
мала
средно
голема
Рендиња со паралелен/аголен граничник
(види слики D–F)
Монтирајте го паралелниот граничник 21 одн. аголниот
граничник 24 со шрафот за прицврстување 23 на
електричниот апарат. Во зависност од примената,
монтирајте го граничникот за подесување на длабочината
на засекот 27 со шраф за прицврстување 26 на
електричниот апарат.
Олабавете ја навртката за фиксирање 22 и поставете ја
саканата ширина на засекот. Повторно затегнете ја
навртката за фиксирање 22.
Поставете ја саканата соодветна длабочина на засекот со
граничникот за подесување на длабочината на засекот 27.
Повторете го процесот на рендање повеќе пати, додека не
ја постигнете саканата длабочина на засекот. Водете го
рендето со страничен притисок со налегнување.
Искосување со аголниот граничник
При закосување на засеци и
површини поставете го
потребниот агол на
закосување со подесување
на аголот 25
Депо за секачот на рендето/клучот
Во депото за секачот на рендето/клучот 3, како што е
прикажано на сликата, може да се сместат секачот на
рендето 16 и инбус клучот 18. За да ја извадите
содржината на депото, извлечете го депото за секачот за
рендето/клучот 3 целосно од рендето.
3
Сервисна станица (види слика I)
Сервисната станица 29 во куферот може да се употреби
како направа за прифаќање на рендето, напр. за
менување на сечила.
Не ја користете сервисната станица за стационарна
употреба на рендето.
Македонски | 131
димензија a
(мм)
0 – 5,7
1,9 – 7,6
4,7 – 10,3
5,9 – 11,6
18
16
1 609 92A 2PK | (30.8.16)