Важно
Безбедност
Внимателно прочитајте го ова упатство за користење пред употребата на апаратот и зачувајте го
за во иднина.
Опасност
•
Не дозволувајте течен или запалив детергент да навлезе во апаратот, за да избегнете
електричен удар и/или опасност од пожар.
Предупредување
•
Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години и лица со ограничени физички,
сензорни или ментални способности или лица со недостаток на искуство и знаење, под
услов да се надгледуваат или да добиле упатства за безбедно користење на апаратот и да ги
разбираат можните опасности.
Децата помали од 3 години не смеат да се доближуваат до уредот, освен ако не се под
•
постојан надзор.
•
Децата не смеат да си играат со апаратот.
•
Децата не смеат да го чистат и одржуваат апаратот без надзор.
•
Немојте да го блокирате отворот за влез или излез на воздух, на пр. со поставување предмети
на отворот за излез на воздух или пред отворот за влез на воздух.
•
Немојте да ставате прсти, стапчиња или други предмети во машината за да спречите струјни
удари, повреди или пожар.
•
Не користете го апаратот во близина на плински апарати и камини.
•
Немојте да прскате со запаливи материјали како што се инсектициди или парфеми околу
апаратот.
Не користете ако има видливи знаци на оштетување на уредот, приклучокот и кабелот за
•
напојување.
•
Немојте да го користите уредот ако ви паднал.
•
Во случај на оштетување, кабелот за напојување треба да го замени компанијата Philips,
односно сервисен центар овластен од Philips или лица со соодветни квалификации за да се
избегне опасност.
•
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: чувајте ги новите и искористените батерии подалеку од дофат на деца.
Проголтувањето може да предизвика изгореници од хемикалии, перфорација на мекото
ткиво и смрт. Може да се појават сериозни изгореници за само 2 часа од проголтувањето.
Ако се сомневате дека батерија е голтната или внесена во кој било дел од телото, веднаш
побарајте медицинска помош.
•
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: веднаш исфрлете ги искористените батерии на безбеден начин.
Внимание
Уредот не смее да се наоѓа веднаш под ѕидниот штекер.
•
•
Секогаш поставувајте и користете го апаратот на сува, стабилна и хоризонтална површина.
•
Немојте да го користите апаратот во опкружувања со голема влажност, како што се бања,
тоалет, кујна, базен или во какво било надворешно опкружување.
•
Немојте да седите или да стоите врз апаратот. Немојте да го удирате апаратот. Не ставајте
ништо врз апаратот.
Секогаш исклучувајте го апаратот од штекер кога сакате да го преместите и исчистите и кога
•
сакате да го замените филтерот или да извршите друг вид на одржување. По склопувањето,
немојте да ги отстранувате штитниците за време на употребата или чистењето.
•
Апаратот е наменет исклучиво за употреба во домаќинства во нормални услови на работа.
•
Далечинскиот управувач користете го само со типот на батерија за еднократна употреба
наведен во упатството за користење.
•
Не полнете батерии што не се наменети за полнење.
•
Држете ги производот и батериите подалеку од оган и не изложувајте ги на директна
сончева светлина или на високи температури.
МК
46