Descargar Imprimir esta página

Skil 9001 Manual Original página 146

Ocultar thumbs Ver también para 9001:

Publicidad

начин кој е опишан за соодветниот тип на уред.
При тоа, земете ги предвид работните услови и
работата која се извршува. Употребата на
електричните алати за други цели кои не се
предвидени, може да предизвика опасни ситуации.
5) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Поправката на Вашиот уред препуштете им ја
само на обучен, стручен кадар на овластен
сервисер, и само со оригиналните резервни
делови. На тој начин ќе се обезбеди уредот да
остане со зачувана безбедност.
БЕЗБЕДНОСНО УПАТСТВО ЗА АГОЛНИ БРУСАЛКИ
1) БЕЗБЕДНОСНО УПАТСТВО ЗА СИТЕ ОПЕРАЦИИ
a) Овој алат е наменет да за брусење или сечење.
Прочитајте ги сите безбедносни
предупредувања, упатства, слики и
спецификации што се обезбедуваат со овој алат.
Непочитувањето на сите упатства подолу може да
доведе до електричен удар, пожар и/или сериозна
повреда..
b) Овој алат не се препорачува за пескарење,
четкање или полирање. Операциите за кои не е
наменет овој алат може да бидат ризични или да
предизвикаат лична повреда.
c) Не користете дополнителна опрема којашто
производителот на алатот специфично не ја
наменува или препорачува. Само заради тоа што
одредена дополнителна опрема може да се прикачи
на алатот, тоа не значи дека ќе обезбеди безбедна
работа.
d) Номиналната брзина на дополнителната опрема
мора ба биде барем еднаква на максималната
брзина посочена на алатот. Дополнителната
опрема којашто работи побргу од номиналната
брзина може да се откачи.
e) Надворешниот дијаметар и дебелината на
дополнителната опрема мора да бидат во
рамките на капацитетот посочен на алатот.
Несоодветната големина на дополнителната опрема
не може соодветно да се обезбедува и контролира.
f) Поставувањето на дополнителната опрема со
протнување мора да се совпаѓа со нишката на
ободот на брусилката. Кај дополнителната
опрема што се поставува со крилца, целиот
отвор на опремата мора да се вклопува во
дијаметарот на крилцето каде што ќе се постави.
Дополнителната опрема којашто не соодветствува
на елементот за поставување кај алатот нема да
работи рамномерно, ќе вибрира прекумерно и може
да предизвика да ја загубите контролата.
g) Не користете оштетена дополнителна опрема.
Проверете ја дополнителната опрема пред
секоја употреба за да утврдите дали
абразивните тркала содржат парчиња и
пукнатини, дали потпорните подлошки имаат
пукнатини, дали челичните четки имаат
разлабавени или скинати жици. Ако алатот или
дополнителната опрема паднат, проверете дали
се оштетиле или ставете неоштетена
дополнителна опрема.. По проверката и
поставувањето на дополнителната опрема,
поставете се подалеку од опсегот на
ротирачката дополнителна опрема, потоа
вклучете го алатот на максималната брзина да
работи една минута без оптоварување.
Оштетената дополнителна опрема обично ќе се
откачи во текот на овој период за проверка.
h) Носете лична опрема за заштита. Зависно од
употребата, носете заштита за лице,
безбедносни очила или заштитна маска. Ако е
соодветно, носете маска за прашина, заштита за
уши, ракавици или престилка што имаат
капацитет да ги застануваат ситните абразивни
честички или остатоци од работата. Заштитата за
очи мора да овозможува застанување на
разлетаните остатоци од работата при разни
операции. Маската за прашина или респираторот
мора да имаат капацитет за филтрирање на честички
коишто се генерираат при работата. Продолжено
изложување на голема бучава може да го оштети
слухот.
i) Стојте настрана на безбедно растојание од
областа за работа. Секој што ќе пристапи до
областа за работа мора да носи лична опрема за
заштита. Честичките од работата или од скршена
дополнителна опрема може да одлетаат и да
предизвикаат повреда подалеку од областа за
работа.
j) Држете го алатот само за изолираните
површини за зафаќање кога извршувате работа
при која што дополнителната опрема за сечење
може да дојде во контакт со сокриените жици
или со кабелот. Ако дополнителната опрема за
сечење дојде во контакт со жица под напон, може да
ги електрифицира металните делови на алатот и да
предизвика електричен удар на операторот.
k) Поставете го кабелот подалеку од
дополнителната опрема којашто се врти. Ако
изгубите контрола, кабелот може да се пресече или
се попречи и раката или дланката може да се
повлечат кон дополнителната опрема којашто се
врти.
l) Никогаш не оставајте го алатот додека
дополнителната опрема не се смири во целост.
Опремата којашто се врти може да се закачи за
површината и да ја изгубите контролата врз алатот.
m) Не вклучувајте го алатот додека го носите
отстрана. Случајниот контакт со дополнителната
опрема којашто се врти може да се заплетка во
облеката и да го повлече алатот кон телото.
n) Редовно чистете ги отворите за вентилација на
алатот. Вентилаторот на моторот вовлекува
прашина во куќиштето, а прекумерната акумулација
на иситнет метал може да предизвика електричен
удар.
o) Не работете со алатот близу запаливи
материјали. Искрите може да ги запалат овие
материјали.
p) Не користете дополнителна опрема којашто бара
течни разладувачи. Употребата на вода или други
течни разладувачи може да предизвикаат
електричен удар или смрт.
146

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

90069016F0159001F0159006F01590169006 aa ... Mostrar todo