• Неисправната инсталација на уредот може да доведе до
поништување на каква било гаранција и одговорност.
•
Овој уред може да го користат деца постари од 8
години и лица со намалени физички, сетилни или
ментални способности, или со недостаток на искуство и
знаење, ако се под надзор или ако им се дадени
упатства за безбедна употреба на уредот, и притоа се
свесни за можните ризици.
• Деца не би требало да си играат со уредот. Уредот не
смее да го чистат и одржуваат деца, освен ако не се
под надзор.
• Доколку кабелот за напојување е оштетен, мора да го
замени производителот, сервис ангажиран од него или
слично квалификувано лице, за да се избегнат можни
ризици.
•
Предупредување:
исклучете го уредот за да избегнете можност од струен
удар, во случај површината на плочата да е изработена
од керамичко стакло или сличен материјал, кој ги штити
живите делови.
• Метални предмети, како ножеви, виљушки, лажици и
капаци не би требало да стојат врз површината на
плочата, со оглед дека ќе дојде до нивно загревање.
• Не треба да користите чистач на пареа.
• Не користете чистач на пареа на плочите за готвење.
• Уредот не е наменет за управување со помош на
надворешен тајмер или одвоен систем на далечинско
управување.
• ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Опасност од пожар: не ги оставајте
предметите на површината за готвење.
• Процесот на термичка обработка на храната е потребно
да се надгледува. Краткотрајниот процес на термичка
обработка на храната треба да биде константно
надгледуван.
• ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Подготовката на храната со маст
или масло без надзор може да биде опасна и да
предизвика појава на отворен пламен. НИКОГАШ не се
обидувајте да го угаснете пламенот со вода, туку
исклучете го уредот и потоа покријте го огнот, со капак
или противпожарно ќебе, на пример.
Ако
површината
5
е
напукната,