ДОДАТОЦИ
■ Во ова упатство, карактеристиките, додатоците и
изгледот може да се разликуваат од вашиот
модел.
Жичена полица: за скара, садови, плех со елементи
за печење.
Страничен носач: Овие носачи за полица, кои се
наоѓаат од десната и левата страна на рерната,
можат да се тргнат при подготовка на голема
количина на храна, а садовите и полиците можат да
се стават на дното од рерната, при што се
употребуваат опциите Radiant grilling (рамномерно
печење), Double grilling (двојно печење) и Double
grilling with fan (двојно печење со вентилатор).
Универзален плех: За подготовка на голема количина
на храна, како што се сочни колачи, пецива,
замрзната храна итн., или за собирање маснотии/
сокови и сокови од месо.
Телескопски водич: Некои модели ја олеснуваат
употребата на рерните со помош на телескопски
водичи. Овие телескопски водичи, како и страничните
носачи, можете да ги размонтирате со одвртување на
шрафовите со кои се прицврстени. Кога ќе ги тргнете,
садовите и полиците можете да ги ставите на дното
од рерната, при што се употребуваат опциите Radiant
grilling (рамномерно печење), Double grilling (двојно
печење) и Double grilling with fan (двојно печење со
вентилатор).
НАПОМЕНА:
Кога ги поставувате садовите на дното
од рерната, НЕМОЈТЕ да ја користите опцијата за
активирање на долниот грејач, како не би се
прегреало дното на рерната. (само за одредени
модели).
48