ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ВО ВРСКА СО ПОСТАВУВАЊЕ НА
ПОЛИЦИТЕ
Како би биле сигурни дека полиците на рерната се обезбедени, од клучна важност е
соодветното поставување на полиците на страничните носачи. Полиците и плехот можат да
се поставуваат исклучиво помеѓу првото и петтото ниво.
Полиците треба да се поставуваат во соодветна насока, бидејќи со тоа се спречува, при
внимателно вадење на полиците, жешката храна да се лизне на подот.
ЗАМЕНА НА СИЈАЛИЦИТЕ
При замена, следете ги следните чекори:
1> Исклучете го уредот од струја или исклучете го осигурувачот со кој се
контролира штекерот на кој е поврзана единицата.
2> Отшрафете го стаклениот капак за ламба во насока спротивна од
стрелките на часовникот (напомена – можеби е заглавен поради
наслаги) и заменете ја сијалицата со нова, од ист тип.
3> Повторно зашрафете го стаклениот капак за ламба.
НАПОМЕНА
Употребувајте само халогени сијалици
од 25W/230V~ , T300ºC.
ПРИЦВРСТУВАЊЕ НА РЕРНАТА ЗА
ВГРАДЕНИОТ ПРОСТОР
1. Сместете ја рерната во отворот на вградениот простор.
2. Отворете ја вратата на рерната.
3. Прицврстете ја рерната за вградениот простор во кујната
со помош на два шрафа.
ИЛИ
49