монтажа или употреба. Секогаш чувајте ги упатствата на
сигурно и безбедно место за подоцнежна употреба.
1.1 Безбедност на деца и ранливи лица
• Овој апарат не е наменет да го користат лица
(вклучително и деца) со намалени физички, сетилни или
ментални способности, или лица без искуство и знаење,
освен кога се под надзор или кога имаат добиено
упатства за користење на апаратот од страна на лицето
кое е одговорно за нивната безбедност.
• Децата треба да бидат под надзор да не играат со
апаратот.
• Држете ја амбалажата подалеку од деца и фрлете ја
соодветно.
• Држете ги децата и милениците подалеку од апаратот
кога работи.
• Децата не треба да го чистат или да го оддржуваат
апаратот без надзор.
1.2 Општа безбедност
• Овој апарат е наменет само за домашна употреба над
плотни, шпорети и слични уреди за готвење.
• Уредот е наменет да го користи едно домаќинство во
домашни услови во затворен простор.
• Уредот може да се користи во канцеларии, хотелски
соби, гостилници, фарми со гостилници и други слични
сместувања каде неговото користење не надминува
(просечно) ниво на користење во домаќинство.
• Пред чистење и одржување, исклучете го апаратот од
напојувањето.
• ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Достапните делови може да
станат жешки за време на употреба на апаратите за
готвење.
• Употребувајте само ги фиксните завртки кои се
испорачани со апаратот, ако не се испорачани Ви
предлагаме да ги користите завртките кои се
136