Descargar Imprimir esta página

Skil 8200AC Manual Original página 81

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 29
неговото користење. Невнимателно движење
може да предизвика сериозни повреди во дел од
секунда.
4) ВНИМАТЕЛНА УПОТРЕБА И РАКУВАЊЕ СО
ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АЛАТИ
a) Не го преоптеретувајте уредот. При вашата
работа користете го предвидениот електричен
алат за таа употреба. Со соодветниот електричен
алат ќе работите подобро и посигурно во наведената
функционална област.
b) Не користете електричен алат чиј прекинувач е
неисправен. Електричниот алат кој повеќе не може
да се вклучува и исклучува е опасен и мора да се
поправи.
c) Исклучете го електричниот алат од струја и/или
извадете го комплетот со батерии, ако се
одделува, пред да правите некакви
прилагодувања, менувате дополнителна опрема
или да го складирате електричниот алат. Со овие
мерки на внимателност ќе се избегне
невнимателното вклучување на уредот.
d) Тргнете го електричниот алат кој не го користите
од допирот на децата. Не допуштајте работа со
уредот на лица кои не се запознаени со него или
кои го немаат прочитано ова упатство.
Електричните алати се опасни доколку со нив
работат неискусни лица.
e) Одржувајте го електричниот алат и
дополнителната опрема. Имајте контрола околу
тоа дали движечките делови на уредот работат
беспрекорно и дали не се заглавени, дали
деловите се скршени или оштетени до таа мерка
што не може да се обезбеди функционирање на
уредот. Пред примената, овие оштетени делови
треба да се поправат. Причина за многу незгоди е
лошо одржуваниот електричен алат.
f) Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
очтрици помалку ќе се заглавуваат и со нив работата
ќе биде полесна.
g) Електричниот алат, прибор, работни алати итн.,
треба да ги користите според овие упатства, и на
начин кој е опишан за соодветниот тип на уред.
При тоа, земете ги предвид работните услови и
работата која се извршува. Употребата на
електричните алати за други цели кои не се
предвидени, може да предизвика опасни ситуации.
h) Рачките и површините за држење одржувајте ги
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините
за држење што се лизгаат не овозможуваат
безбедно ракување и контрола на алатот во
неочекувани ситуации.
5) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Електричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само
идентични резервни делови. Со ова се обезбедува
безбедно одржување на електричниот алат.
БЕЗБЕДНОСНО УПАТСТВО ЗА ХЕФТАЛКИТЕ
• Секогаш имајте предвид дека алатот има
иглички (невнимателната работа со хефталката
може да доведе до неочекувано испукување на
игличките и лична повреда)
• Не насочувајте го алатот кон себе или кон други
лица во непосредна околина (неочекуван
притисок може да исфрли игличка со што ќе се
предизвика повреда)
• Не користете го алатот освен ако не е поставен
цврсто врз парчето за работа (ако алатот нема
контакт со парчето за работа, игличката може да
одлета од наменетата цел)
• Исклучете го алатот од извор на напојување кога
ќе се заглават игличките во него (при
отстранување на заглавени иглички, хефталката
може случајно да се активира ако е вклучена)
• Внимавајте при отстранување на заглавена
игличка (механизмот може да биде под притисок и
насилно да исфрли игличка додека се обидувате да
ги ослободите заглавените иглички)
• Не користете ја оваа хефталка за прицврстување
електрични кабли (не е наменета за инсталација на
електрични кабли и може да ја оштети изолацијата
на каблите со што може да се предизвика
електричен удар или опасност од пожар)
• Зацврстете го материјалот кој го обработувате
(обработка која е зацврстена со стеги или во
менгеме е побезбедна отколку да ја држите со раце)
• Овој алат не е наменет за употреба од страна на
деца и лица со намалени физички, сензорски
или ментални способности или со помало
искуство и знаење
• Обезбедете децата да не си играат со алатот
• SKIL може да признае гаранција само доколку е
користен оригинален прибор
• Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е
назначен на плочката на алатот
• Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и
други предмети во местото каде работите; тргнете ги
пред да почнете со работа
• Во случај да дојде до електричен или механички
дфект, веднаш исклучете го алатот и исклучете го од
приклучокот
• Ако кабелот се оштети или пресече за време на
работата, веднаш исклучете го и не го допирајте
• Никогаш не користете алат ако кабелот е оштетен;
замената на кабелот мора да ја изврши стручно лице
• Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде
сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ
3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
4 Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
5 Не фрлајте го алатот заедно со другиот отпад од
домаќинството
УПОТРЕБА
• Ставање иглички/шајки 6
! извлечете го приклучокот ако кабелот
- свртете го алатот наопаку
- притиснете ја рачката A влечејќи го лизгачот B
наназад
81

Publicidad

loading