Descargar Imprimir esta página

AL-KO T22-105-3HDV2 Manual Del Usuario página 555

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 99
Транспорт
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од
неправилно полнење на акумулаторот!
Струјата за полнење на полначот не смее да
надминува 5 A а напонот за полнење може да
биде само макс. 14,4 V. При повисок напон на
полнење постои опасност од експлозија на
акумулаторот! Секогаш извадете го
контактниот клуч пред да почнете да работите
на акумулаторот.
Ви препорачуваме да го полните
акумулаторот, што не пропушта гасови и на
кој не му треба одржување, користејќи
специјален соодветен полнач (кој може да се
добие преку специјализирани продавници).
Почитувајте го упатството за употреба на
производителот на полначот пред и за време
на полнење на акумулаторот.
ВНИМАНИЕ! Опасност од краток спој!
За да избегнете краток спој, секогаш најпрво
одвојте го негативниот кабел (-) од
акумулаторот и повторно поврзете го како
последен! Секогаш извадете го контактниот
клуч пред да почнете да работите на
акумулаторот!
1. Извлечете го контактниот клуч (02/4).
2. Отворете го капакот на моторот.
3. Поврзете ги клемите на полначот со
терминалите на акумулаторот.
НАПОМЕНА Обрнете внимание на
поларитетот:
Црвена клема = позитивен терминал (+)
Црна клема = негативен терминал (-)
4. Поврзете го полначот со струјната мрежа
и вклучете го.
9.5
Отстранување на алатката за косење
Алатката за косење мора да се извади со цел
за да се користи тракторот за расчистување
на снег и за промена на клинестиот ремен.
1. Завртете го воланот на целосно лево
заклучување (32).
2. Отстранете ја корпата за собирање трева
(33).
3. Извадете го каналот за исфрлување (18).
4. Одвртете ја цилиндарската завртка (34) на
држачот на каналот со 5 - 6 вртења.
5. Спуштете ја алатката за косење на
најниската поставка (35).
6. Откачете го влечниот федер на алатката
за косење (36).
493723_a
7. Ставете ја алатката за косење повторно
горе (37).
8. Откачете го каналот на клинестиот ремен
(38).
9. Откачете го клинестиот ремен од шајбната
за клинестиот ремен на моторот (39).
10. Повторно спуштете ја алатката за косење
на најниската поставка (40).
11. Отстранете ги 4-те пинови за заклучување
на фиксаторите од алатката за косење
(41).
12. Извлечете ги фиксаторите преку болцните
(41).
9.6
Замена на клинестиот ремен
1. Одвртете ги 6-те безбедносни навртки
(24).
2. Откачете го каналот на клинестиот ремен
(25).
3. Откачете ја и отстранете ја десната
поклопка (26) на алатката за косење.
4. Откачете ја и отстранете ја левата
поклопка (27) на алатката за косење.
5. Лесно одвртете ја завртката на затезниот
валјак сè додека не може да се разниже
клинестиот ремен (28).
6. Извадете го клинестиот ремен.
НАПОМЕНА Водилката и положбата на
клинестиот ремен се разликува во зависност
од типот. Почитувајте ја налепницата со
напомени на алатката за косење.
Ставање на нов клинест ремен
1. Положете го клинестиот ремен околу
лесно одвртениот затезен валјак и
повторно зашрафете го затезниот валјак
(30 / 31).
2. Положете го клинестиот ремен според
редоследот околу валјаците и запазете ја
водилката и положбата на клинестиот
ремен.
10 ТРАНСПОРТ
При транспорт на тракторската косилка со
транспортна опрема (на пр. приколка за
автомобил), алатката за косење мора да се
поддржи одоздола со цел да се намали
оптоварувањето на закачувањето на алатката
за косење.
За време на транспорт, проверете дали
транспортните средства имаат доволен
553

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

127693