ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
БРУСИЛКА
Производен број.....................................................................
Определен внес .....................................................................
Излез .......................................................................................
Hоминална брзина .................................................................
Дијаметар на вратот на врв...................................................
Дијаметар на прстенот ..........................................................
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2014 ........................
Информации за бучавата
Измерените вредности се одредени согласно стандардот
EN 60 745.
A-оценетото ниво на бучава на апаратот типично изнесува:
Ниво на звучен притисок. (Несигурност K=3dB(A)) .............
Ниво на јачина на звук. (Несигурност K=3dB(A)) .................
Носте штитник за уши.
Информации за вибрации
Вкупни вибрациски вредности (векторски збир на трите
насоки) пресметани согласно EN 60745.
Грубо стругање:
Вибрациска емисиона вредност a
....................................
h
Несигурност К .....................................................................
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Нивото на осцилација наведено во овие инструкции е измерено во согласност со мерните постапки нормирани во EN
60745 и може да биде употребено за меѓусебна споредба на електро-алати. Ова ниво може да се употреби и за
привремена проценка на оптоварувањето на осцилацијата.
Наведеното ниво на осцилација ги репрезентира главните намени на електро-алатот. Но, доколку електро-алатот се
употребува за други намени, со отстапувачки додатоци или со несоодветно одржување, нивото на осцилација може да
отстапи. Тоа може значително да го зголеми оптоварувањето на осцилацијата за време на целиот работен период.
За прецизна проценка на оптоварувањето на осцилацијата предвид треба да бидат земени и времињата, во коишто
апаратот е исклучен или работи, но фактички не се употребува. Тоа може значително да го намали оптоварувањето на
осцилацијата за време на целиот работен период
Утврдете дополнителни безбедносни мерки за заштита на операторот од влијанието на осцилациите, како на пример:
одржување на електро-алатот и на додатоци кон електро-алатот, одржување топли раце, организација на работните
процеси.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите
безбедносни упатства, инструкции, илустрации и
спецификации за овој електричен алат. Недоследно
почитување на подолу наведените упатства можe да
предизвика електричен удар, пожар и/или сериозни
повреди.
Чувајте ги сите предупредувања и упатства за
употреба.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Заеднички безбедносни упатства за брусење
a) Овој електро-алат се употребува како брусилка.
Почитувајте ги сите безбедносни упатства, упатства
за работа, прикази и податоци што ги добивате
заедно со електричниот алат. Доколку не ги
почитувате следните упатства, може да дојде до
електричен удар, до пожар и/или до тешки повреди.
b) Овој електро-алат не е погоден за користење како
жичана четка, за острење за сечење, мазнење како со
рапава хартија и полирање. Секакви употреби, за кои
овој алат не е предвиден, можат да предизвикаат
загрозувања и повреди.
c) Не употребувајте прибор што не е предвиден и
препорачан од производителот специјално за овој
електро-алат. Доколку извесен прибор можете да го
прицврстите на вашиот електричен алат, тоа не
претставува гаранција за сигурно употреба.
d) Бројот на вртежи на алатот, којшто се употребува,
мора да биде нај-малку толку висок како и бројот на
вртежите на вашиот електро-алат. Додатокот, којтшто
се врти побрзу, може да се скриша и да излета.
e) Надворешниот пресек и дебелината на орудијата
кои што се применуваат мора да соодветствуваат со
106
МАКЕДОНСКИ
DG 7 E
..................... 3912 01 05...
...000001-999999
.........................600 W
.........................315 W
..............3000-7000 min
-1
...........................45 mm
..........................6/8 mm
..........................1,1 kg
...........................85 dB (A)
...........................96 dB (A)
.......................< 2,5 m/s
2
..........................1,5 m/s
2
мерните информации на Вашето електро-орудие.
Погрешно измерени орудија за употреба не можат во
доволна мерка да бидат заштитени или контролирани.
f) Брусна плоча, цилиндар за брусење или друга
опрема, мора точно да одговараат на вретеното за
брусење или клештата за затегнување на електро-
орудието. Орудија за примена, кои што не одговараат
егзактно на вретеното за брусење на електро-орудието
се вртат нерамномерно, силно вибрираат и можат да
доведат до губење на контролата.
g) На трн монтирани плочи, цилиндар за брусење,
орудија за сечење или друга опрема, мора целосно
да бидат вметнати во клештата за затегнување или
во направата за бушење. „Преминот„ односно
растојанието на трнот од плочата према клештата за
затегнување мора да е минимален. Ако трнот
недоволно е затегнат/или преминот на плочата е
премногу долг, монтираната плоча може да се олабави и
со многу голема брзина да биде исфрлена.
h) Не употребувајте оштетен прибор. Пред секоја
употреба извршете контрола, како на пример на
дисковите за брусење по однос на расцепи и
пукнатини, на подножјата за брусење по однос на
пукнатини, изабаност или голема искористеност, на
четките со жици по однос на лабави или скршени
жици. Ако електро-алатот или приборот паднат,
проверете, дали тие се оштетени или употребете
неоштетен прибор. Ако приборот сте го провериле и
го употребувате, тогаш вие и лицата, кои се наоѓаат
во близина, треба да бидете вон доменот на
ротирачкиот прибор и оставете го приборот да
работи една минута со максимален број на вртежи.
Оштетениот прибор најчесто се крши во овој тест-
период.
i) Носете опрема за лична заштита. Зависно од
употребата, користете целосна визуелна заштита,
заштита за очите или заштитни очила. Доколку е
потребно, носете маска за заштита од прашина,
заштита за ушите, заштитни ракавици или
специјална престилка, со која се заштитувате од
ситни честички од шлајфувањето и од материјалот.
Очите треба да бидат заштитени од страни тела што се
разлетуваат наоколу, а кои настануваат при различни
употреби. Заштита маска од прашина и за дишење мора
да ја филтрираат прашината што се создава при
работата. Доколку сте подолго време изложени на
гласна бучава, тоа може да предизвика губење на
слухот.
j) Кај други лица обратете внимание на безбедно
растојание кон Вашето подрачје на работење. Секој
кој што влегува во работното подрачје мора да носи
лична заштитна опрема. Делови од парчето кое што се
работи или скршено орудие кое што се употребува може
да летне и да предизвика повреди и вон директното
подрачје на изведување на работите.
k) Држете го електричниот алат за издадените
површини при изведување на операции при кои
алатот за сечење можат да дојдат во контакт со
скриени жици или сопствениот гајтан. Контакт со
жица под напон исто така ќе направи проводници од
металните делови и оној кој ракува со алатот ќе
доживее струен удар.
l) Држете го електро-орудието при стартот секогаш
добро и цврсто. При подигнување на полна брзина,
моментот на реакција на моторот може да доведе до
тоа, електро-орудието да се изврти.
m) Доколку е возможно употребете стегач за
затегнување, за работното парче да го фиксирате.
Никогаш не држете мали парчиња кои што ги
обработувате во рака, а орудието во другата рака,
додека го употребувате орудието. Со затегнување на
помали парчиња за обработување, рацете ги имате
ослободено за подобро ракување со електро-орудието.
При одвојување на тркалезни парчиња за
обработување, како што се дрвени дибли, шипкаст
материјал или цевки, таквите имаат особина да се
оттркалаат, со што влошката на орудието може да се
заглави и да биде исфрлен према Вас.
n) Кабелот за напојување со струја чувајте го
настрана од прибор што се врти. Доколку ја изгубите
контролата над електро-алатот, кабелот за напојување
со струја може да се исече или да се закачи и вашата
рака или вашата дланка да бидат повлечени во
приборот што се врти.
o) Никогаш не го оставајте електро-орудието ако
орудието за применување не е дојдено во потполно
мирување. Орудието за примена кое што се врти може
да дојде во контакт со подлогата за оставање со што би
можеле да ја изгубите контролата врз електро-орудието.
p) После менувањето на влошки за орудија или
после подесувањето кај апаратот, обезбедете се,
дека мутерот на клештите за затегнување, направата
за бушење или останати елементи за прицврстување
се добро затегнати. Лабави елементи за
прицврстување можат неочекувано да се поместат и да
доведат до загуба на контролата; неприцврстени,
ротирачки компоненти насилно излетуваат.
q) Не оставајте го електро-алатот да работи додека
го носите. Вашата облека може да биде закачена преку
случаен контакт со приборот што се врти, при што тој
може да навлезе во вашето тело.
r) Редовно чистете го отворот за проветрување на
вашиот електро-алат. Вентилаторот на моторот влече
прашина во куќиштето, а големо насобирање на метална
прашина може да предизвика електрични опасности.
s) Не го употребувајте електро-орудието во близина
на запаливи материјали. Искрите би можеле да ги
запалат овие материјали.
t) Не употребувајте орудија за примена, кои што
изискуваат течни средства за ладење. Употребата на
вода или други течни средства за ладење може да
доведат до електричен удар.
Повратен удар и соодветни напомени за безбедност
Повратниот удар претставува неочекувана реакција како
последица на заглавен или блокиран прибор што се
врти, како на диск за брусење, подножје за брусење,
четка со жица итн. Заглавувањето или блокирањето
доведува до неодложно стопирање на ротирачкиот
прибор. На тој начин неконтролираниот електро-алат се
забрзува во спротивна насока од насоката на вртење на
приборот во точката на спојување.
Доколку, на пример, диск за брусење е заглавен или
блокиран во материјалот, работ на дискот за брусење
што навлегува во материјалот, може да се закачи и на
тој начин да дојде до излегување на дискот или да се
предизвика повратен удар. Во таков случај дискот за
брусење се движи или кон операторот или настрана од
него, зависно од насоката на вртење на дискот во
точката на спојување. Притоа дисковите за брусење
можат исто така и да се скршат.
Повратен удар претставува последица од погрешна или
неисправна употреба на електро-алатот. Тој може да
биде избегнат со соодветни мерки на претпазливост,
како што се опишани подолу.
a) Држете го електро-алатот цврсто и поставете ги
вашето тело и вашите раце во позиција, со која ќе
можете да дадете отпор на силите од повратиот
удар. Секогаш употребувајте ја додатната рачка,
доколку постои, за да можете да имате максимална
можна контрола над силите од повратниот удар или
на моментите на реакција при пуштање во работа.
Операторот може да ги контролира силите на
повратниот удар и реакционите сили со преземање
соодветни мерки на претпазливост.
b) Работете особено внимателно кај агли, остри
рабови итн. Спречувајте ситуации, во кои приборот
се одбива од и заглавува во материјалот за
обработка. Кај агли, остри рабови или во случај на
одбивање ротирачкиот прибор е склон кон заглавување.
Тоа предизвикува губење на контролата или повратен
удар.
c) Не употребувајте лист за пилење со ланци или
запчаници. Таквите орудија за примена честопати
предизвикуваат повратен удар или губење на котролата
врз електро-орудието.
d) Секога водете го применуваното орудие во ист
правец со материјалот, во кој што работ на сечење го
напушта материјалот (одговара на истиот правец, во
кој што се исфрлуваат струготините). Водењето на
електро-орудието во погрешен правец доведува до тоа,
применуваното орудие да се исфрли од парчето кое што
се обработува, со што електро-орудието се вовлекува во
тој правец на помакнување.
e) Затегнете го секогаш добро парчето кое што се
обработува при обработка на челични листови на
пили, разделни плочи, орудија-фрезери со висока
брзина или фрезерски орудија од тврд метал. Уште
при мало закантување во жлебот тие применливи
орудија се заглавуваат и можат да предизвикаат
повратен удар. При заглавување на разделна плоча, таа
обично се крши. При заглавување на челични листови
на пили, фрезерски орудија со висока брзина или
фрезер-орудија од тврд метал, вметнатиот дел во
орудието може да искочи од жлебот и доведе до губење
на контролата врз електро-орудието.
Посебни безбедносни упатства за брусење
a) Употребувајте исклучиво типови на плочи за
стругање, кои што се препорачуваат за Вашето
електро-орудие, и само за препорачаните можности
за примена. На пример никогаш немојте да стругате
МАКЕДОНСКИ
107