8.4.1
Стационарно водено
поставување
8.4.2
Преносливо водено
поставување
8.4.3
Стационарно суво поставување
Упатство за вградување и работа Wilo Motor T 12 ... 72 + EMU FA, Rexa SUPRA, Rexa SOLID
Отстранување од употреба
НАПОМЕНА
Употребувајте само технички беспрекорна опрема за подигнување!
Употребувајте само технички беспрекорна опрема за подигнување и спуштање
на пумпата. Осигурете се дека пумпата нема да се заглави за време на
подигнувањето и спуштањето. Не пречекорувајте ја максимално дозволената
носивост на опремата за подигнување! Проверете ја опремата за подигнување
дали функционира беспрекорно!
‡
Пумпата е надвор од употреба.
‡
Приклучете засун на приливната или на притисочната страна.
1. Исклучете ја пумпата од електричната мрежа.
2. Прицврстете ја опремата за подигнување на точката на
подигнување.ВНИМАНИТЕЛНО! Никогаш не влечете го водот за снабдување
со струја! Така можете да го оштетите!
3. Полека подигнете ја пумпата и подигнете ја од просторот каде што е
поставена преку водечката цевка. ВНИМАНИТЕЛНО! Водот за снабдување со
струја може да се оштети при подигнувањето! За време на процесот на
подигнување водот за снабдување со струја треба да биде лесно стегнат!
4. Темелно исчистете ја пумпата (видете ја точката „Чистење и
дезинфицирање"). ОПАСНОСТ! Дезинфицирајте ја пумпата ако сте ја
користеле со медиуми опасни по животот!
‡
Пумпата е отстранета од употреба.
1. Исклучете ја пумпата од електричната мрежа.
2. Замотајте го кабелот за струја и поставете го врз куќиштето на
моторот.ВНИМАНИТЕЛНО! Никогаш не влечете го водот за снабдување со
струја! Така можете да го оштетите!
3. Исклучете ја притисочната линија од притисочната наставка.
4. Прицврстете ја опремата за подигнување на точката на подигнување.
5. Подигнете ја пумпата од работната просторија. ВНИМАНИТЕЛНО! Кога се
отстранува, водот за снабдување со струја може да се нагмечи или оштети!
Внимавајте на водот за снабдување со струја при отстранување!
6. Темелно исчистете ја пумпата (видете ја точката „Чистење и
дезинфицирање"). ОПАСНОСТ! Дезинфицирајте ја пумпата ако сте ја
користеле со медиуми опасни по животот!
‡
Пумпата е отстранета од употреба.
‡
Приклучете засун на приливната или на притисочната страна.
1. Исклучете ја пумпата од електричната мрежа.
2. Замотајте го водот за снабдување со струја и прицврстете го за
моторот.ВНИМАНИТЕЛНО! На тој начин тој не се оштетува! Внимавајте да не
се нагмечи или искине кабелот.
3. Отстранете го цевководот кај вшмукателната и притисочната наставка.
ОПАСНОСТ! Медиуми опасни по здравјето! Во цевководот или во
хидрауликата може да има остатоци од транспортираниот медиум!
Поставете сад, веднаш избришете ги капките и течноста и отстранете ја
правилно.
4. Прицврстете ја опремата за подигнување на точката на подигнување.
5. Отстранете ја пумпата од фундаментот.
6. Полека издигнете ја пумпата од цевководот и поставете ја соодветно место.
ВНИМАНИТЕЛНО! Кога се отстранува, водот за снабдување со струја може
да се нагмечи или оштети! Внимавајте на водот за снабдување со струја
при отстранување!
7. Темелно исчистете ја пумпата (видете ја точката „Чистење и
дезинфицирање"). ОПАСНОСТ! Дезинфицирајте ја пумпата ако сте ја
користеле со медиуми опасни по животот!
mk
823