Descargar Imprimir esta página

AL-KO Easy T15-93 HDS-A Manual De Instrucciones página 523

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 92
Складирање
2. Отстранете ја корпата за собирање трева
(30/1).
3. Отстранете го каналот за исфрлување
(15/2).
4. Одвртете ја цилиндарската завртка (31/1)
на држачот на каналот со 5-6 вртења.
5. Спуштете ја алатката за косење (32/1) со
рачката за регулирање на висината на
косење (32/2) на најниската поставка.
6. Откачете го влечниот федер (33/1) на
алатката за косење.
7. Повторно ставете ја алатката за косење
(34/1) со рачката за регулирање на
висината на косење (34/2) сосема на
нагоре.
8. Откачете (35/a) го каналот на клинестиот
ремен (35/1).
9. Откачете го клинестиот ремен (36/1) од
шајбната за клинестиот ремен на моторот.
10. Повторно спуштете ја алатката за косење
(32/1) со рачката за регулирање на
висината на косење (32/2) на најниската
поставка.
11. Отстранете ги пиновите за заклучување (4
парчиња) (38/1) на фиксаторите од
алатката за косење.
12. Извлечете ги фиксаторите преку болцните
(38).
13. Извлечете ја алатката за косење на
десната страна во насоката на возење.
10.6 Замена на клинестиот ремен
1. Одвртете ги сигурносните навртки (6
парчиња) (21/1).
2. Откачете го каналот на клинестиот ремен
(22/1).
3. Откачете ја и отстранете ја десната
поклопка (23/1) на алатката за косење.
4. Откачете ја и отстранете ја левата
поклопка (24/1) на алатката за косење.
5. Благо одвртете ја завртката (25/1) на
затезниот валјак (25/2) сè додека не може
да се размота клинестиот ремен (25/3).
6. Извадете го клинестиот ремен.
НАПОМЕНА
Водилката и положбата на клинестиот
ремен се разликува во зависност од
типот. Почитувајте ја налепницата со
напомени на алатката за косење.
Ставање на нов клинест ремен
1. Положете го клинестиот ремен околу
лесно одвртениот затезен валјак и
повторно зашрафете го затезниот валјак
(27, 28).
2. Положете го клинестиот ремен според
редоследот (27/a – d, 28/a – d) околу
валјаците и запазете ја водилката и
положбата на клинестиот ремен.
11 СКЛАДИРАЊЕ
Тракторската косилка треба да се паркира
каде што е заштитена од временски влијанија,
особено влага, дожд и подолго изложување
на директна сончева светлина.
Никогаш не ја складирајте тракторската
косилка во зграда со гориво во резервоарот
ако има потенцијал за пареите од горивото да
дојдат во контакт со отворени пламени или
искри. Паркирајте ја тракторската косилка во
простории коишто се соодветни за
складирање на моторни возила.
Кога ја складирате тракторската косилка за
долги периоди, како на пример преку зима, по
можност не треба да се складира со полн
резервоар за гориво. Горивото може да
испари.
Пред долготрајно складирање, горивото треба
да се испушти од резервоарот и карбураторот
со цел да се избегне создавање на наслаги
коешто може да доведе до проблеми при
стартувањето. Контактирајте ја вашата
специјализирана работилница за совет.
12 ПОМОШ ВО СЛУЧАЈ НА ДЕФЕКТИ
ВНИМАНИЕ!
Опасност од повреда
Предметите со остри рабови и
самодвижечките делови на уредот
може да доведат до повреди.
При работи на одржување, нега и
чистење носете секогаш заштитни
ракавици!
НАПОМЕНА
Во случај на дефекти, коишто не се
наведени во табелата или Вие самите
не можете да ги отстраните, обратете
се до нашиот кориснички сервис.
523

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

T103-16 hEasy 15-93.2 hd-aT 15-93.9 hd-a