Descargar Imprimir esta página

Bosch GBH 18V-28 DC Manual Original página 218

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 35
218 | Македонски
– Вметнете ја батеријата (8) до крај во преградата за
батерии .
Подесување на режимот на работа
Со прекинувачот за запирање на удари/вртежи (12)
изберете го начинот на работа на електричниот алат.
– За да го промените начинот на работа, притиснете го
копчето за отклучување (11) и свртете го
прекинувачот за запирање на удари/вртежи (12) во
саканата позиција додека не слушнете дека се
вклопил.
Напомена: Променете го режимот на работа само
доколку електричниот алат е исклучен! Инаку
електричниот алат може да се оштети.
Позиција за ударно дупчење во бетон или
камен
Позиција за Дупчење без удари во дрво,
метал, керамика и пластика како и за
Завртување
Позиција Vario-Lock за подесување на
позицијата на длетото
Во оваа позиција, прекинувачот за запирање
на удари/вртежи (12)не се вклопува.
Позиција за Длетување
Поставете го правецот на вртење
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (5)
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (7) е притиснат ова не е
возможно.
Прекинувачот за менување на правецот на
u
вртење (5) активирајте го само кога електричниот
алат е во празен од.
Правецот на вртење при ударно дупчење, дупчење и
длетување секогаш поставувајте го на десен тек.
– Тек на десно: притиснете го прекинувачот за
правец на вртење (5) налево до крај.
– Тек на лево: притиснете го прекинувачот за
правец на вртење (5) надесно до крај.
Напомена: доколку прекинувачот за правец на вртење
стои во средна позиција прекинувачот за вклучување/
исклучување е блокиран.
Вклучување/исклучување
– За вклучување на електричниот алат притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување (7).
Работното светло (9) при малку или целосно притиснат
прекинувач за вклучување/исклучување (7) овозможува
осветлување на работното поле при услови на слаба
осветленост.
1 609 92A 80W | (05.07.2022)
При првото вклучување на електричниот алат може да
дојде до одложување на стартот на алатот.
На ниски температури електричниот апарат дури по
одреден период го постигнува целосниот капацитет на
удари.
– За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (7).
Подесување на бројот на вртежи/удари
– Регулирајте го бројот на вртежи/удари на вклучениот
електричен алат бесстепено, во зависност од тоа колку
подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување (7).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (7) се постигнува мал број на вртежи/
удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на вртежи/удари.
Спојка за заштита од преоптоварување
Доколку алатот што се вметнува се стегне или
u
заглави, ќе се прекине погонот на вратилото за
дупчење. Електричниот алат секогаш држете го
цврсто со двете дланки поради јачината со која
работи и застанете во сигурна положба.
Исклучете го електричниот алат и олабавете го
u
алатот што се вметнува, доколку се блокира
електричниот алат. Доколку вклучите блокиран
алат за дупчење настануваат многу моменти на
блокирање.
Брзо исклучување (Kickback Control)
Брзото исклучување (KickBack Control)
нуди подобра контрола на
електричниот алат и со тоа ја зголемува
заштитата при користење, во споредба
со електричните алати без KickBack
Control. При ненадејна и непредвидена
ротација на електричниот алат околу
оската за дупчење, тој се исклучува.
– За повторно ставање во употреба отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (7) и
одново притиснете го двапати.
Брзото исклучување е прикажано со трепкање работното
светло (9) на електричниот алат.
Амортизација на вибрациите
Вградената амортизација за вибрации ги
намалува вибрациите кои настануваат во
текот на работењето сo помош на вграден контра-
осцилатор.
Функции на поврзување
Во поврзување со Bluetooth® Low Energy GCY 42 модулот
на располагање ги имате следните Connectivity-функции
за електричниот алат:
– Регистрирање и персонализирање
– Проверка на статусот, издавање на пораки за
предупредување
– Општи информации и подесувања
Bosch Power Tools

Publicidad

loading