Секогаш поставувајте и користете го апаратот на сува, стабилна и хоризонтална површина.
•
Немојте да го користите апаратот во опкружувања со голема влажност, како што се бања,
•
тоалет, кујна, базен или во какво било надворешно опкружување.
Немојте да седите или да стоите врз апаратот. Немојте да го удирате апаратот. Не ставајте
•
ништо врз апаратот.
Секогаш исклучувајте го апаратот од штекер кога сакате да го преместите и исчистите или да
•
извршите друг вид на одржување.
Апаратот е наменет исклучиво за употреба во домаќинства во нормални услови на работа.
•
Стандарден интерфејс за Wi-Fi врз основа на 802.11b/g/n на 2,4 GHz со максимална излезна
•
моќност од 38,28 mW EIRP.
Електромагнетни полиња (EMF)
Овој апарат е усогласен со важечките стандарди и прописи што се однесуваат на изложеноста на
електромагнетни полиња.
Рециклирање
Овој симбол означува дека производот не смее да се фрла со обичниот отпад од
домаќинствата (2012/19/EU).
Придржувајте се до законите во вашата земја за одделно собирање на електричните
и електронските производи. Правилното фрлање помага во спречувањето на негативните
последици по животната средина и човековото здравје.
Поедноставена декларација за усогласеност на ЕУ
Во овој документ, компанијата DAP B.V. изјавува дека радиоопремата од типот CX5120 е
усогласена со Директивата 2014/53/EU. Целосниот текст на декларацијата за усогласеност на ЕУ
е достапен на следната интернет-адреса: www.philips.com.
Гаранција и поддршка
Versuni нуди двегодишна гаранција за овој производ по купувањето. Оваа гаранција престанува
да важи ако дефектот се должи на неправилно користење или несоодветно одржување. Нашата
гаранција не влијае на вашите законски права како потрошувач. За повеќе информации или за
користење на гаранцијата, посетете ја нашата веб-страница www.philips.com/support.
Нарачување делови или додатоци
Ако треба да замените дел или сакате да купите дополнителен дел, контактирајте со продавачот
на Philips или посетете ја веб-страницата www.philips.com/support.
Ако имате проблеми со набавување на деловите, контактирајте со центарот за корисничка
поддршка на Philips во вашата земја.
МК
51