Descargar Imprimir esta página

TESY GCV11S 1504720 C21 TSRCP Instrucciones De Uso Y Mantenimiento página 197

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 27
MK
Со цел да се спречи повреда на корисникот и
трети лица во случај на грешка во системот
кој овозможува топла вода, уредот мора да се
монтира во просторија која има подна хидроизолација
и одвод. Не поставувајте предмети, кои не се
водоотпорни, под уредот под никоја околност. Во
случај на монтажа на уредот во просторија која нема
подна хидроизолација, потребно е да се постави одвод
под уредот.
Забелешка: сетот не вклучува заштитна када и
корисникот мора да ја избере истата.
2.
Поврзување со водовод
Сл. 3: a) – за вертикална; b) – за хоризонтална
инсталација
Каде: 1 – Влезна цевка; 2 – Безбедносен вентил; 3 –
Вентил за редукција (за притисок на вода > 0,6 MPa);
4 – Запирачки вентил; 5 – Инка поврзана со одвод; 6 –
Црево; 7 – Славина за истекување на вода
По поврзување на бојлерот со водоводот, мора да
ги следите индикативните ознаки /прстени/ кои се
прикачени на цевките: сино за ладна /влезна/ вода,
црвено за топла /излезна/ вода.
Монтирањето на безбедносниот вентил кој е доставен
со бојлерот е задолжително. Безбедносниот вентил
мора да се монтира на цевката за ладна вода, следејќи
ја насоката на стрелката која е испечатена на телото
и ја покажува насоката на влезната вода. Не смее да
се монтираат дополнителни запирни вентили меѓу
безбедносниот вентил и бојлерот.
Исклучок: Ако локалните регулативи (норми) бараат
употреба на дополнителен заштитен вентил или
механизам (во согласност со EN 1487 или EN 1489),
тогаш мора дополнително да се купи. За механиззми
кои работат во согласност со EN 1487 назначениот
работен притисок не смее да биде повисок од 0.7
MPa. За други заштитни вентили, притисокот на кои
се калибрирани треба да биде за 0.1 MPa понизок
од назначениот притисок на знакот на уредот. Во тој
случај, безбедносниот вентил које доставен со уредот
не треба да се користи.
Присуството на друг /стар/ безбедносен вентил
може да предизвика расипување на уредот и поради
тоа мора да се отстрани.
Друг вид на запирачка арматура не се дозволува
меѓу заштитниот вентил (заштитниот уред) и
уредот.
Поставувањето на заштитниот вентил на навои
подолги од 10 mm не се дозволува, во спротивно може
да се оштети вентилот и предизвикува опасност за
уредот.
164
Упатство за употреба и одржување
Со бојлери за вертикална монтажа, заштитниот
вентил треба да се поврзе на влезната цевка
додека безбедносниот пластичен панел е отстранет.
Откако е монтиран тој треба да биде во позиција како
што е прикажано на слика 2.
Заштитниот вентил и цевката меѓу вентилот и
бојлерот мора да се заштитат од замрзнување.
При истекување, цревото – е секогаш слободно и отворено
на атмосфера (не потопено во вода). Осигурајте се едка
цревото е заштитено од замрзнување.
Отворањето на вентилот за ладна вода на доводот за
вода и отворањето на топлиот вентил од славината
која ја меша водата го изведува полнењето на бојлерот
со вода. Откако полнењето ќе заврши, мора да почне
постојан тек на вода низ славината за мешана вода.
Сега, можете да го затворите вентилот за топла вода.
Во случај кога е потребно да се испразни бојлерот,
прво мора да го исклучите од струја. Текот на водата
од доводот мора да се прекине и доводот за топла
вода од славината за мешана вода мора да се отвори.
Славината 7 (сл. 4a и 4b) мора да се отвори за да се
испразни водата од садот. Ако нема таква славина
вградена во цевката, тогаш испразнете ја водата на
следниот начин:
Моделите опремени со заштитен вентил со
рачка – Можете да ја отфрлите водата од бојлерот со
подигнување на рачката на заштитниот вентил. Водата
ќе истече од отворот на вентилот
Моделите опремени со заштитен вентил без рачка –
водата ќе истече директно од влезната евка на садот за
вода откако ќе го дисконектирате од доводот за вода.
Во случај на отстранувањена обрачот, отфрлањето
на неколку литри вода, кои остануваат во садот, е
нормално.
Мора да преземете мерки за да се спречи штета од
водата која истекува при празнењето.
Во случај притисокот на доводот да е над назначената
вредност во горниот параграф, тогаш е потребно да се
постави вентил за редуцирање, во спротивно бојлерот
нема правилно да функционира. Производителот не
прифаќа одговорност за проблеми предизвикани од
неправилна употреба од страна на корисникот.
3.
Поврзување со електричната мрежа .
Осигурајте се дека уредот е полн пред да го
вклучите напојувањето.
3.1.
Модели со кабел за напојување и приклучок се
поврзуваат со внесување на приклучокот во контакт.
Тие се исклучуваат од напојувањето со отстранување
на приклучокот од контактот.

Publicidad

loading