Descargar Imprimir esta página

Bosch GNH Professional 18V-63 Manual Original página 221

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 35
– секој вид на употреба на сила.
Проверете што се наоѓа под или зад Вашиот дел за
обработка. Не испукувајте шајки во ѕидови, плафони или
подови, доколку зад нив има лица. Шајките може да
поминат низ материјалот и да повредат некого.
Не испукувајте шајка на веќе забиена шајка. Притоа
шајката може да се деформира, да се заглават шајките
или електричниот апарат да почне неконтролирано да се
движи.
Доколку електричниот апарат се употреби при ладни
амбиентални услови, првите шајки ќе се набиваат
побавно од вообичаено. Откако ќе се стопли
електричниот апарат за време на работата, повторно се
враќа нормалната работна брзина.
Избегнете испукување во празно, за да избегнете
изабување на втиснувачот.
При подолги паузи во работата или по завршување на
работата исклучете го електричниот алат, извадете ја
акумулаторската батерија и по можност испразнете го
магацинот.
Празнење на магацинот (види слики C1−C2)
– Повлечете го лизгачот на магацинот (13) со притиснат
зафаќач на шајки (14) наназад додека зафаќачот на
шајки не ја ослободи последната шајка и внимателно
водете го лизгачот на магацинот нанапред до
почетокот на магацинот (12).
Напомена: Не допуштајте лизгачот на магацинот да се
затвора без контрола. Притоа лизгачот на магацинот
може да се оштети и постои опасност да ги згмечите
прстите.
– Свртете го електричниот алат, така што шајките ќе
лизгаат наназад до пружината на магацинот (17).
– Притиснете ја пружината на магацинот надолу и
оставете ги шајките во зафаќачот (14) да слизнат од
магацинот (12).
Поставување граничник за длабочина (види слика D)
Длабочината на забивање може да се подеси со
тркалцето за подесување (4).
– Испразнете го магацинот (12).
– Шајките се испукани предлабоко: За
да ја намалите длабочината на
забивање, свртете го тркалцето за
подесување (4) во правец спротивен
на стрелките од часовникот.
– Шајките не се испукани доволно
длабоко: За да ја зголемите
длабочината на забивање, свртете го
тркалцето за подесување (4) во правец
на стрелките на часовникот.
– Повторно наполнете го магацинот.
– Тестирајте ја новата длабочина на забивање на пробен
дел за обработка.
Доколку е потребно, повторете ги работните чекори.
Bosch Power Tools
Вадење на заглавената муниција (види слики E1−E2)
Поединечните шајки може да се заглават во каналот за
пукање. Доколку ова често се случува, контактирајте ја
овластената сервисна служба на Bosch.
Напомена: Доколку втиснувачот не се враќа назад по
ослободувањето на заглавената муниција, контактирајте
ја овластената сервисна служба на Bosch.
– Отпуштете го чкрапалото (5).
– Исклучете го електричниот алат и извадете ја
акумулаторската батерија (7).
– Испразнете го магацинот (12).
– Притиснете го затегнувачкиот лост (3) надолу, за да
може да се отвори каналот за пукање.
– Отстранете ги заглавените шајки. По потреба
употребете клешти.
– Затворете го каналот за пукање, закачете ја дршката
на затегнувачкиот лост (3) во куките на каналот за
пукање и повторно притиснете го затегнувачкиот лост
нагоре.
– Повторно наполнете го магацинот.
Замена на штитникот за делот за обработка (види
слика F)
Штитникот за делот за обработка (1) на крајот на
осигурувачот за активирање (2) го штити делот за
обработка, додека електричниот алат не се постави точно
за процесот на забивање. Штитникот на делот за
обработка може да се отстрани и замени
– Отпуштете го чкрапалото (5).
– Исклучете го електричниот алат и извадете ја
акумулаторската батерија (7).
– Испразнете го магацинот (12).
– Извлечете го штитникот од осигурувачот за
активирање.
– Поместете го новиот штитник за делот за обработка со
отворениот крај преку осигурувачот за активирање.
Напомена: Резервниот штитник за делот за обработка
може да се чува на горната страна на магацинот (12).
Ставете го штитникот на делот за обработка во
депото (10).
Транспорт и складирање
Доколку треба да го транспортирате електричниот алат,
исклучете го, особено доколку користите скали или имате
невообичаено движење на телото.
На работното место држете го електричниот алат само за
дршката (8) и со неактивирано чкрапало (5).
Електричниот апарат постојано треба да се складира со
извадена акумулаторска батерија и на суво, топло место.
Доколку електричниот апарат не се користи подолг
период премачкајте ги челичните делови со тенок слој
масло. На тој начин ќе го спречите зар'ѓувањето.
Македонски | 221
1 609 92A 81N | (01.08.2022)

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Gnh professional 18v-64 m0 601 481 0013 601 d81 13 601 d81 0