Исклучете го електричниот алат и олабавете го
u
алатот што се вметнува, доколку се блокира
електричниот алат. Доколку вклучите блокиран
алат за дупчење настануваат многу моменти на
блокирање.
Совети при работењето
Електричниот алат ставете го на навртката/
u
завртката само доколку е исклучен. Доколку алатите
што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да
се превртат.
Промена на позицијата за длетување (Vario-Lock)
Длетото може да го фиксирате во 13 позиции. Притоа,
може да ја користите оптималната работна позиција.
– Ставете го длетото во прифатот за алат.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/
вртежи (10) во позиција „Vario-Lock".
– Свртете го алатот за вметнување во саканата позиција
за длетување.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/
вртежи (10) во позиција „Длетување". Со тоа,
прифатот за алат ќе се фиксира.
– Поставете го правецот на вртење за длетување на
десен тек.
Длетување со функција за заклучување
За подолго време да длетувате без постојано да го
притискате прекинувачот за вклучување/исклучување
(8), заклучете го прекинувачот за вклучување/
исклучување во начинот на работење „Длетување ".
– За фиксирање притиснете на прекинувачот за
вклучување/исклучување (8) до крај и притиснете
истовремено на копчето за фиксирање (7).
– За исклучување повторно притиснете на копчето за
фиксирање (7).
Напомена: Ако се префрлите на друг режим на работа
додека прекинувачот за вклучување/исклучување е
блокиран, електричниот алат ќе се исклучи.
Вметнување на битови за одвртувач (види слика I)
Електричниот алат ставете го на навртката/
u
завртката само доколку е исклучен. Доколку алатите
што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да
се превртат.
За користење на битовите за одвртувач потребен ви е
универзален држач (20) со SDS-plus-вратило за прифат
(опрема).
– Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за
прифат и малку намастете го.
– Универзалниот држач ставете го со вртење во
прифатот на алат, додека самиот не се заклучи.
– Проверете дали е заклучена со влечење на
универзалниот држач.
– Ставете еден бит за одвртувач на универзалниот
држач. Користете само битови што се соодветни на
главата за завртување.
Bosch Power Tools
– За вадење на универзалниот држач вметнете ја
чаурата за заклучување (5) наназад и извадете го
универзалниот држач (20) од прифатот за алат.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба
u
да се замени. Се препорачува ова да се изврши од
страна на сервисната служба.
– Исчистете го прифатот за алат (3) по секоја употреба.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
под:
www.bosch-pt.com/serviceaddresses
Отстранување
Електричните алати, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
Македонски | 147
1 609 92A 5SR | (20.08.2020)