Descargar Imprimir esta página

Midea MDRS619FG Serie Manual Del Usuario página 135

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 192
Опасност : Ризик од заглавување на деца. Пред да го фрлите вашиот стар фрижидер
или замрзнувач :
Извадете ги вратите.
Оставете ги полиците на нивното место, така што децата нема да можат да влезат во
апаратот.
Фрижидерот мора да биде исклучен од струјниот извор при инсталација на додатоци.
Средството за ладење и циклопетанскиот пенлив материјал кои се користат во
апаратот се запалливи. Затоа, овие материјали како и самиот апарат треба да се држат
на страна од извори на оган, а при фрлање можат да бидат превземени од страна на
специјални компании со соодветни квалификации, за да се избегнат опасности кон
околината и луѓето во неа.
За ЕУ стандард : Овој апарат може да биде употребуван од страна на деца над 8
години, како и лица со намалени физички, сензорни или ментални капацитети, или
недостиг на искуство и знаење, доколку се под надзор и им се дадени правилни и
прецизни упатства за употреба, а исто така и ги разбираат ризиците кои настануваат
поради непочитување на овие правила. Децата не смеат да си играат со апаратот.
Чистењето и одржувањето не смее да биде правено од страна на деца без надзор од
одговорно лице. Деца од 3 до 8 години смеат да го полнат и празнат фрижидерот.
Важно е вратите на апаратот кои се опремени со системи за заклучување и клучеви, тие
клучеви да бидат чувани надвор од дофат на деца и да не се во близина на апаратот за
ладење, со цел избегнување на заглавување на деца во внатрешноста на апаратот.
За да се избегне контаминација на храна, Ве молиме следете ги следните упатства :
Отворањето на вратата на подолги периоди може да предизвика значително
зголемување на температурата во внатрешноста на апаратот.
Редовно чистете ги површините кои доаѓаат во контакт со храна и пристапните системи
за дренажа.
Чистете ги резервоарите за вода доколку не се употребувани повеќе од 48 часа.
Исфрлете ја водата од системот доколку истата не е повлечена повеќе од 5 дена.
Свежо месо и риба складирајте во соодветни садови во фрижидерот, за да не доаѓа до
контакт или да нема капење врз друга храна.
Одделите за замрзнување на храна со две ѕвезди се соодветни за складирањена
претходно замрзната храна, складирање или правење на сладолед и правење на ледни
коцки.
Одделите со една, две и три ѕвезди не се соодветни за замрзнување на свежа храна.
За апарати без оддел со 4 ѕвезди: овој апарат не е соодветен за замрзнување на свежа
храна.
Доколку фрижидерот е оставен празен на подолг период, исклучете го, одмрзнете го,
исчистете го, исушете го и оставете ја вратата отворена со цел спречување на
формирање на непријатни мириси во внатрешноста на апаратот.
За апарат со слободно стоење: овој апарат не е наменет за употреба и поставување во
вградени кујнски елементи.
Било каква промена или одржување на ЛЕД сијаличките треба да биде направена од
страна на производителот, неговиот овластен сервис или слично квалификувано лице.
Овој производ содржи светлински извори со енергетска ефикасност класа G.
1.2. Значењена симболите за безбедносни предупредувања

Publicidad

loading