188 | Македонски
Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на
u
оган или висока температура. Изложувањето на оган
или на температура повисока од 130 °C може да
предизвика експлозија.
Следете ги сите упатства за полнење и не го
u
полнете сетот на батерии или алатот надвор од
температурниот опсег наведен во упатствата.
Неправилното полнење или на температура надвор од
наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја
зголеми опасноста од пожар.
Сервисирање
Електричниот алат сервисирајте го кај
u
квалификувано лице кое користи само идентични
резервни делови. Со ова се овозможува безбедно
одржување на електричниот алат.
Никогаш не поправајте оштетени сетови на
u
батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја
врши само производителот или овластен сервис.
Безбедносни упатства за ножици за кастрење
Не користете ги ножиците при невреме, особено
u
кога постои опасност од удар на гром. Со тоа ќе ја
намалите веројатноста да Ве удри гром.
Сите струјни кабли чувајте ги понастрана од полето
u
на режење. Во грмушките кои ги режете може да има
скриени струјни кабли и жици и така случајно сечилото
од ножиците да дојде во контакт со нив и случајно да ги
исече.
Држете ги ножиците само за изолираните рачки,
u
зошто сечилото може да дојде во допир со скриени
електрични инсталации. Контактот на сечилото со
кабли може да ги наелектризира металните делови од
ножиците за кастрење и да доведе до струен удар.
Чувајте ги сите делови на своето тело подалеку од
u
сечилото. Не обидувајте се да ги отстраните
заглавените отпадоци од сечилото додека
машината е вклучена. Еден момент на невнимание
при работа со електричните ножици за режење може
да резултира со сериозни тешки повреди.
Обавезно исклучете ги сите прекинувачи за
u
вклучување-/исклучување, одстранете ја или
извадете батеријата кога сакате да отстраните
заглавени исечоци или го сервисирате уредот.
Случајното стартување на ножиците при отстранување
на заглавен отпадок или за време додека го
сервисирате уредот може да доведе до сериоизни и
тешки повреди.
Ножиците за режење држете ги за рачките додека
u
сечилото мирува и внимавајте да не го притиснете
копчето за вклучување-/исклучување.
Внимателното држење на ножиците го намалува
ризикот од случајно вклучување и повреди кои можат
да настанат како последица од тоа.
Кога ги пренесувате или складирате електричните
u
ножици секогаш ставете ја заштитната футрола на
F 016 L94 007 | (21.11.2023)
сечилото. Внимателното ракување со машината го
намалува ризикот од повреда од сечилата.
За да го смалите ризикот од струен удар, никогаш
u
не користете го ножици за ограда со долга рачка
како не би биле на дофат на далноводи. Контакт со
далноводи или употреба во близина на далноводи
може да предизвика повреда или електричен удар,
што може да резултира со смрт.
Секогаш користете две раце кога ги употребувате
u
ножиците за кастрење кои имаат подолг дофат.
Држете гу ножиците со продолжен дофат со двете
раце при проширен дофат со двете раце, за да
избегнете губење контролата врз нив..
Секогаш користете тврда капа, кога работите со
u
ножиците за жива ограда со подолг опсег и преку
глава. Паѓањето на непознати предмети може да
предизвика сериозни повреди.
Дополнителни сигурносни напомени
Оваа машина не е наменета на личности (и деца) со
u
ограничени физички, сензорни или душевни
можности, со недостаток на искуство и знаење, освен
ако не им се обезбедени соодветни инструкции или
надзор за употреба на машината од страна на личност
одговорна за нивната безбедност.
Децата треба да бидат под надзор да не си играат со
уредот.
Не дозволувајте им на деца да го користат уредот; не
u
оставајте го уредот без надзор и кога не го користите
уредот, чувајте го на безбедно место вон дофат на
деца.
Проверете ги дрвјата и грмушките оти можеби има
u
некои непознати предмети, на пр. жичени огради и
кабли. Отстранете ги тие елементи.
Слободната рака држете ја на безбедно растојание
u
од местото на работа. Не допирајте ги сечилата. Тие
се многу оштри и можат да пресечат.
Секогаш носете заштитни ракавици кога работите со
u
уредот или извршувате чистење или одржување или
отстранувате што е нечисто/отсечено.
Уредот користете го само за предвидените работи-
u
наменети за него.
Не менувајте ниту еден дел од уредот. Постои
u
ризик од повреди.
Не треба да носите отворени чевли кога го
u
користите уредот.
Користете само оригинална Bosch опрема.
u
Безбедносни напомени за оптимално
користење на батериите
Уверете се дека тримерот е исклучен пред да ја
u
ставите батеријата. Ставањето на батеријата додека
уредот работи може да предизвика несреќа.
Употребувајте само Бош батерии наменети за овој
u
уред. Употребата на некои други батерии може да
предизвика повреда или пожар.
Bosch Power Tools