Descargar Imprimir esta página

Gorenje BM201AG1BG Manual De Instrucciones página 158

Publicidad

ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За да го намалите ризикот од пожар, струен удар, повреда на лица или
изложеност на прекумерна микробранова енергија од печката при
користење на вашиот апарат, следете ги основните мерки на
претпазливост, вклучително и следново:
• Прочитајте го и следете го следното: „ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ СО ЦЕЛ ДА
ИЗБЕГНЕТЕ МОЖНО ИЗЛОЖУВАЊЕ НА ПРЕКУМЕРНА МИКРОБРАНОВА
ЕНЕРГИЈА".
• Овој апарат може да го користат деца на возраст од 8 години и постари и
лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или
недостаток на искуство и знаење , доколку се под надзор или им е дадено
упатство за употреба на апаратот на безбеден начин и се запознаени со
опасностите. Деца не смеат да си играат со апаратот. Чистењето и
одржувањето не смеат да го прават деца помали од 8 години и без надзор.
Деца помали од 8 години треба да се држат понастрана, освен доколку не
се под постојан надзор.
• Чувајте ги апаратот и кабелот подалеку од дофат на деца помали од 8
години.
• Ако кабелот за напојување е оштетен, мора да го замени производителот,
овластениот сервисер или лица со слични квалификации, за да се избегне
опасност. (За апарати со додаток од типот Y)
• ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Пред да ја замените сијалицата, проверете дали
апаратот е исклучен, за да избегнете можност од струен удар.
• ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Опасно е било кој друг, освен стручното лице, да
врши било какво сервисирање или поправка што вклучува отстранување на
капакот кој штити од изложеност на микробранова енергија од печката.
• ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Течностите и другите продукти не смеат да се
загреваат во затворени садови, бидејќи може да експлодираат.
• Кога загревате храна во пластични или хартиени садови, внимавајте на
печката поради можноста тие да се запалат.
• Користете исклучиво прибор што е погоден за употреба во микробранови
печки.
158

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

738290