УПАТСТВО ЗА РАБОТА
1. Дотерување на часовникот
2. Готвење со микробранова печка
Кога микробрановата печка ќе се приклучи на струја, на
екранот се прикажува „0:00" и сигналот се огласува
еднаш.
1) Притиснете на копчето „Кујнски тајмер/часовник" за
да ја одберете функцијата часовник. Почнуваат да
трепкаат бројките за часовите.
2) Дотерајте ги бројките за часовите со вртење на
копчето „
"; може да се внесат бројки од 0 до 23 за
часовите.
3) Притиснете на копчето „Кујнски тајмер/часовник";
почнуваат да трепкаат бројките за минутите.
4) Дотерајте ги бројките за минутите со вртење на
копчето „
"; може да се внесат бројки од 0 до 59 за
минутите.
5) Притиснете на копчето „Кујнски тајмер/часовник" за
да го завршите дотерувањето на часовникот. Двете точки
„:" започнуваат да трепкаат, а времето е осветлено.
Белешка:
1) Доколку часовникот не се дотера, нема да работи
кога апаратот ќе се приклучи на струја.
2) Доколку не притиснете на копчето „Кујнски
тајмер/часовник" во текот на процесот на
дотерување на часовникот, печката автоматски ќе се
врати на претходниот статус во рок од 1 минута.
1) Притиснете го копчето „Микробранова / Скара /
Комбинирано" ("Microwave/Grill/Combi.") еднаш. На
екранот се прикажува „800W".
2) Притискајте го копчето „Микробранова / Скара /
Комбинирано" повеќе пати или вртете го копчето „
за да ја изберете саканата јачина
3) на екранот редоследно се прикажуваат „800W",
„640W", „400W", „240W", „80W", „G", „С-1" или „С-2".
4) Потоа притиснете на копчето „Старт/+30Сек./Потврди"
("Start/+30Sec./Confirm") за да го потврдите изборот и
5) притиснете на „
" за да го дотерате времето на
готвење од 0:05 до 95:00 минути.
170
"