Descargar Imprimir esta página

AL-KO solo T23-125-2HDV2 Traducción Del Manual Original De Instrucciones página 541

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 99
Безбедносни напомени
имате претходно регистрирано во нашата
веб-продавница, можете да ја користите
таа корисничка сметка.
3. Дополнете нов уред преку "Додај нов
уред".
4. Следете ги понатамошните инструкции.
5. Ако вашиот уред е "смарт-конект" уред,
спроведете го „смарт-конект" асистентот
директно во близина на уредот.
6. Следете ги понатамошните инструкции.
При пречки во работата на тракторската
косилка може да ви помогне
специјализираниот продавач преку
апликацијата AL‑KO inTOUCH. Затоа мора да
му дозволите пристап на специјализираниот
продавач во апликацијата AL‑KO inTOUCH.
НАПОМЕНА Ажурирањата за
апликацијата AL‑KO inTOUCH се вршат
автоматски преку интернет (FOTA:
Firmwareupdate Over The Air).
2.6.2
Дејства во "Smart Home" / "Smart
Garden"(IFTTT)
Преку апликацијата AL‑KO inTOUCH може да
активирате до 3 IFTTT-дејства (IFTTT: If This
Then That). На https://ifttt.com/ мора претходно
да ги утврдите овие дејства (на пр.
управување на уреди во „Smart Home" или
„Smart Garden", вклучување на
наводнувањето, отворање на портата од
гаражата). IFTTT-дејствата може да бидат
бесплатни или да се плаќаат во зависност од
моделот на претплата на понудувачот.
НАПОМЕНА Детални информации за
IFTTT ќе најдете на:
https://alko-garden.de/ifttt-de/
3 БЕЗБЕДНОСНИ НАПОМЕНИ
Деца или други лица кои не се запознати
со начинот на користење не смеат да го
употребуваат уредот.
Почитувајте ги локалните прописи за
минималната возраст на операторот.
Укажете им на децата и младите да не си
играат со уредот.
Косете само при дневна светлина или
добро вештачко осветлување.
Погрижете се да нема никого во опасното
подрачје.
Корисникот е одговорен за незгоди со
други лица и нивниот имот.
493723_a
Употребувајте само оригинални резервни
делови и оригинална додатна опрема.
Поправките на уредот мора да се
изведуваат од страна на произведувачот
односно од неговите кориснички сервиси.
Носете заштита за слух.
Тракторската косилка нема одобрение за
улици и не смее да се вози по јавни
патишта и улици.
Не косете при невреме. Нема заштита од
удар на гром.
Не смеат да се земаат патници на уредот.
Не косете на стрмнини поголеми од 10°
(18 %)
По земањето алкохол, лекови, коишто
влијаат врз способноста за реакција, или
на дроги не смее да се работи со
тракторската косилка и/или со опрема
прицврстена на неа.
Секогаш косете ги косините попречно.
Почитувајте ги локалните, општинско
дозволени времиња на работа.
Тракторската косилка може да предизвика
тешки повреди од нејзината сопствена
тежина. Бидете особено внимателни при
товарање и растоварање на тракторската
косилка кога ја транспортирате на возило
или на приколка.
Тракторската косилка не смее да се
шлепува. За транспорт на јавни
сообраќајни патишта користете соодветно
возило.
Не го користете тракторот во лошо
проветрени работни подрачја (на пр.
гаража). Издувните гасови содржан
отровен јаглерод моноксид како и други
штетни материи.
4 РАСПАКУВАЊЕ И МОНТИРАЊЕ НА
ТРАКТОРОТ
Почитувајте го приложеното упатство за
монтажа за распакување и монтажа на
тракторот.
НАПОМЕНА Почитувајте го исто така и
приложеното упатство за работа на
бензинскиот мотор.
539

Publicidad

loading