Descargar Imprimir esta página

Philips 4400 Serie Manual Del Usuario página 505

Ocultar thumbs Ver también para 4400 Serie:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 98
Македонски
504
Погледнете ги сликите C и D за преглед на сите копчиња и икони. Подолу ќе го најдете описот.
Користете ги стрелките за нагоре и надолу за да лизгате низ дисплејот и допрете ја иконата OK за да
ги изберете или потврдите вашите избори.
Сите типови (Сл. C/D)
C1/D1 Икони за пијалаци со
еден допир
C2/D2. Мени со други пијалаци
C3 Старт/стоп
копче
Само кај серијата 4000 (Сл. C)
C1 Икони за пијалаци со еден допир: еспресо, кафе, американо, кафе со мраз, капучино, лате
макијато
Само кај серијата 5000 (Сл. D)
D1 Икони за пијалаци со еден допир: еспресо, кафе, американо, капучино, лате макијато, кафе со
мраз, лате со мраз
Вовед
Ви честитаме што купивте целосно автоматска машина за кафе Philips! За целосно да ја искористите
поддршката што ја нудиме, регистрирајте го вашиот производ на www.philips.com/welcome.
Внимателно прочитајте ја посебната безбедносна брошура пред првиот пат кога ќе ја користите
машината и зачувајте ја за во иднина.
За да ви помогнеме да започнете и да го добиете најдоброто од вашата машина, нудиме поддршка
на повеќе начини. Во кутијата можете да го најдете следново:
1 Водичот за брзо започнување со упатства за користење претставени со слики и информации за
чистење и одржување.
2 Посебната брошура за безбедност со упатства за безбеден начин на користење на машината.
3 За онлајн поддршка (овој проширен прирачник за корисниците, често поставувани прашања,
видеа итн.), скенирајте го QR-кодот што се наоѓа на корицата на оваа брошура за да ја преземете
апликацијата или одете на www.philips.com/coffee-care.
Постојат повеќе верзии од оваа машина за еспресо и сите имаат различни функции. Секоја верзија
има сопствен број на тип. Бројот на типот може да го најдете на етикетата со податоци на
внатрешната страна од сервисната врата (видете Сл. А11).
Машинава е тестирана со кафе. Иако беше внимателно исчистена, може да има остатоци од кафе.
Сепак, гарантираме дека машината е потполно нова.
Машината автоматски го приспособува количество мелено кафе што се користи за да направи
највкусно кафе. Може да сварите 5 филџани кафе првично за да ѝ овозможите на машината да го
заврши самостојното приспособување.
Погрижете се да го исплакнете LatteGo (садот за млеко) пред првото користење.
C4. Икони за навигација
(нагоре, надолу, назад, ОК)
C5. Приказ
C6. Поставки за машината
C7. Мени за чистење
C8. Лични профили
C9. Копче за
вклучување/исклучување

Publicidad

loading