Полнач Bosch C70 I Упатство за работа
2 Безбедност
Пред употреба на полначот, внимателно прочитајте ги овие упатства.
I
ПРЕТПАЗЛИВОСТ
◾ Оштетениот кабел за напојување мора да го замени производителот или
сервисерот за да се избегне каква било опасност.
◾ Исклучете го напојувањето со струја пред да ги извршите или да ги прекинете
поврзувањата со батеријата.
◾ Приклучокот за батерија што не е поврзан со каросеријата мора прво да се
поврзе (+) во црвена боја. Другото поврзување мора да се направи со
каросеријата (-) во црна боја, подалеку од батеријата и водовите за гориво. Дури
потоа полначот за батерии се приклучува на мрежата за напојување.
◾ По полнењето, прво исклучете го полначот за батерии од мрежата за напојување.
Потоа исклучете го поврзувањето со каросеријата (-) во црна боја и
поврзувањето со батеријата (+) во црвена боја, по овој редослед.
I
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Струјниот приклучок не смее да дојде во допир со вода. Мора да се спречи водата
да тече во насока на мрежата за напојување со цел корисниците да се заштитат од
струен удар.
I
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од експлозија и опасност од пожар!
Експлозивни гасови.
◾ Спречете пламен или искри.
◾ Погрижете се да има доволно вентилација за време на процесот на полнење.
◾ Проверете дали областа околу батеријата добро се вентилира за време на
процесот на полнење.
Батерија
Користете го полначот само за батерии од оловно-киселински тип од 12V 14Ah-
300Ah или 24V 14Ah-120Ahh (WET, EFB, GEL, AGM отворена и VRLA).
I
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не обидувајте се да полните батерија што не се полни!
206
MK