Descargar Imprimir esta página

Electrolux KUT6NE18S Manual De Instrucciones página 77

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 92
• Кабелот за струја мора да стои под
нивото на приклучокот.
• Поврзете го приклучокот за струја
со штекерот на крајот од
монтажата. Проверете дали
приклучокот за струја е пристапен
по монтирањето.
• Не влечете го кабелот за да го
исклучите апаратот од струја.
Секогаш повлекувајте го
приклучокот за струја.
2.3 Употребa
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда,
изгореници, струен удар
или пожар.
Апаратот содржи запаллив гас,
изобутан (R600a), природен гас со
високо ниво на компатибилност со
околината. Внимавајте да не гo
оштетите водот за ладење кој содржи
изобутан.
• Не менувајте ја спецификацијата на
овој апарат.
• Секое користење на вградениот
производ како самостоен е строго
забрането.
• Не ставајте електрични апарати (на
пример, апарати за правење
сладолед) во апаратот, освен ако
производителот не навел дека е
применливо.
• Ако дојде до оштетување на
ладилното коло, проверете дали во
просторијата има пламен и извори
на палење. Проветрете ја
просторијата.
• Не дозволувајте жешки предмети
да ги допрат пластичните делови
на апаратот.
• Не ставајте безалкохолни пијалоци
во преградата за замрзнување. Ова
ќе создаде притисок врз садот со
пијалок.
• Не чувајте запалив гас и течност во
апаратот.
• Не ставајте запаливи производи
или предмети кои се мокри заедно
со запаливи производи во
апаратот, или во негова близина.
• Не ги допирајте компресорот или
кондензаторот. Тие се жешки.
• Не вадете и не допирајте ги
предметите од преградата за
замрзнување ако рацете ви се
мокри или влажни.
• Не ја замрзнувајте повторно
храната што е одмрзната.
• Следете ги упатствата за чување
замрзната храна што се наоѓаат на
пакувањето.
• Завиткајте ја храната во материјал
кој е безбеден за чување на храна
пред да ја ставите во преградата на
замрзнувачот.
2.4 Нега и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или
оштетување на апаратот.
• Пред одржувањето, исклучете го
апаратот и исклучете го кабелот од
штекерот за струја.
• Апаратот содржи јаглеводороди во
уредот за ладење. Само
квалификувано лице смее да го
одржува апаратот и повторно да ја
полни единицата.
• Редовно вршете проверка на
одводот на фрижидерот и ако е
потребно исчистете го. Ако одводот
е блокиран, ќе се собира одмрзната
вода на дното на апаратот.
2.5 Сервис
• За да го поправите апаратот,
контактирајте со овластениот
сервисен центар. Користете само
оригинални резервни делови.
• Треба да знаете дека само-
поправката или
непрофесионалната поправка може
да имаат последици врз
безбедноста и може да ја направи
гаранцијата неважечка.
• Следниве резервни делови ќе
бидат достапни 7 години по
прекинувањето на моделот:
термостати, температурни сензори,
печатени плочки, светлосни извори,
рачки за врати, шарки за врати,
тави и кошници. Треба да знаете
дека некои од овие резервни
делови се достапни само кај
МАКЕДОНСКИ
77

Publicidad

loading