•
Не обидувајте се да ја заменувате батеријата самостојно – може да ја оштетите батеријата, а тоа може да предизвика прегревање,
пожар и повреда. Сервисирањето на вградената батерија во вашиот уред треба да го врши Honor или овластен давател на услуги.
•
При полнење, адаптерот треба да биде вклучен во штекер во близина што е лесно достапен. Користете одобрени адаптери за
напојување и полначи.
•
Консултирајте се со доктор и со производителот на уредот за да определите дали работата на уредот може да влијае врз работата на
вашиот медицински уред.
•
Овој производ не е дизајниран да биде медицински уред и не е наменет за дијагностицирање, третман, лекување или спречување каква
било болест. Сите податоци и мерења треба да се користат само за информативна намена.
•
Ако забележите проблеми со кожата додека го носите уредот, извадете го и одете на доктор.
•
Пред полнењето, избришете ја портата за полнење за да биде сува.
•
Се препорачува надзор од возрасно лице ако овој производ го користат деца или доаѓаат во контакт со него.
•
Исклучете го безжичниот уред кога ќе се побара од вас додека сте во болници, клиники или други здравствени установи. Целта на овие
барања е да се спречи можна интерференција со чувствителна медицинска опрема.
•
Некои безжични уреди може да влијаат врз работата на помагалата за слушање или пејсмејкерите. Контактирајте со давателот на
услугата за повеќе информации.
•
Производителите на пејсмејкери препорачуваат да се одржува растојание од најмалку 15 cm помеѓу уредот и пејсмејкерот за да се
спречи потенцијална интерференција со пејсмејкерот.
•
Ако користите пејсмејкер, држете го уредот од спротивната страна на пејсмејкерот и не носете го уредот во предниот џеб.
•
Почитувајте ги локалните закони и прописи додека го користите уредот. За да го намалите ризикот од незгоди, не користете го
безжичниот уред додека возите.
•
За да спречите оштетување на деловите од уредот или внатрешните електрични кола, не користете го во прашлива, зачадена, влажна
или нечиста околина или во близина на магнетни полиња.
•
Не користете го, не складирајте го и не пренесувајте го уредот на места каде што се складираат запаливи материјали или експлозиви
(на бензинска пумпа, склад за нафта или хемиски погон, на пример). Користењето на уредот во таква средина го зголемува ризикот од
експлозија или пожар.
•
Фрлете ги уредот, батеријата и додатоците според локалните прописи. Не треба да се фрлаат во нормалниот отпад од домаќинствата.
Неправилната употреба на батериите може да предизвика пожар, експлозија или други опасни ситуации.
•
Ако батеријата протече, внимавајте електролитот да не дојде во директен контакт со кожата или очите. Ако електролитот дојде во
допир со кожата или ви прсне во очите, веднаш исплакнете со чиста вода и консултирајте се со доктор.
•
Кога го полните уредот, уверете се дека адаптерот за напојување е вклучен во лесно достапен штекер во близина на уредот. Исклучете
го полначот од штекерот и од уредот кога не го користите.
•
Безжичните уреди може да му пречат на системот за летање на авионите. Не користете го уредот на места каде што не е дозволено
користење безжични уреди според прописите на авиокомпанијата.
•
Исклучете го безжичниот уред секогаш кога ќе се побара од вас од персоналот на аеродромот или од екипажот во авионот.
Консултирајте се со персоналот на екипажот во авионот околу користењето безжични уреди во авионот, а ако вашиот уред има
„авионски режим", тој мора да биде овозможен пред да влезете во авионот.
•
Уверете се дека адаптерот за напојување ги исполнува барањата од Член Q.1 во IEC62368-1/EN62368-1 и дека е тестиран и одобрен
според националните или локалните стандарди.
•
Заштитете го уредот за носење и неговите додатоци од силен удар, силни вибрации, гребаници и остри предмети, бидејќи тие може да
го оштетат уредот.
•
Уредот за носење и неговите додатоци треба да бидат чисти и суви. Не носете го уредот за носење премногу лабаво или цврсто додека
вежбате. Исчистете ги зглобот и уредот по вежбањето. Исплакнете го и исушете го уредот за да го исчистите пред да го ставите
повторно.
•
Ако уредот за носење е направен за пливање и туширање, задолжително редовно чистете го ремчето, а зглобот и уредот нека бидат
суви пред да го ставите уредот повторно.
•
Користете ја радиоопремата во услови на добар прием за да го намалите степенот на прием на радијација.
•
Чувајте ја радиоопремата подалеку од стомакот на бремени жени.
•
Чувајте ја радиоопремата подалеку од долниот дел на стомакот на тинејџери.
•
Почитувајте ги ограничувањата на користење за одредени места (болници, авиони, сервиси, училишта...).
Информации за фрлање и рециклирање
Симболот на производот, батеријата, литературата или амбалажата значат дека производите и батериите треба да се однесат во
посебни места за собирање отпад одредени од локалните власти по крајот на работниот век. На тој начин ќе се обезбеди дека отпадот од
електричната и електронската опрема ќе се рециклира и ќе се третира на начин што ги зачувува вредните материјали и го заштитува
здравјето на луѓето и околината. За повеќе информации, контактирајте со локалните власти, продавачот или службата за фрлање на
отпадот од домаќинствата или посетете ја веб-локацијата https://www.hihonor.com/.
Намалување на опасните супстанции
Овој уред и сите електронски додатоци се во согласност со применливите локални правила за ограничување на употребата на одредени
опасни супстанции во електрична и електронска опрема, како што се регулативите EU REACH, RoHS и Батерии (каде што се вклучени) и др.
За изјави за сообразност за REACH и RoHS, посетете ја нашата веб-локација https://www.hihonor.com/global/legal/certification/.
Усогласеност со регулативата на ЕУ
Изјава
Со овој документ, Honor Device Co., Ltd. изјавува дека овој уред RHE-B19 е во согласност со следниве Директиви: RED 2014/53/ЕУ, RoHS
2011/65/ЕУ.
Најновата и важечка верзија на ИС (Изјава за сообразност) може да се види на https://www.hihonor.com/global/legal/certification/.
Овој уред може да се користи во сите земји-членки на ЕУ.
Почитувајте ги националните и локалните прописи каде што се користи уредот.
Употребата на овој уред може да биде ограничена, во зависност од локалната мрежа.
29