БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Безбедносни предупредувања за
додатокот за плевел
Не користете ја машината при лоши
1.
временски услови, особено кога има ризик
од грмотевици. Со тоа се намалува ризикот од
удар на гром.
2.
Внимателно проверете дали во областа
каде што треба да се користи машината
има животински свет. Машината може да
го повреди животинскиот свет за време на
работата.
3.
Внимателно проверете ја областа каде што
треба да се користи машината и отстранете
ги сите камења, стапчиња, жици, коски и
други туѓи предмети. Фрлените предмети
може да предизвикаат телесна повреда.
4.
Пред користење на машината, секогаш
проверувајте визуелно за да видите дали
сечилото за плевел е оштетено. Оштетениот
дел го зголемува ризикот од повреда.
5.
Следете ги упатствата за промена на
додатоци. Неправилно затегнати завртки
или навртки за прицврстување може да го
оштетат сечилото или да предизвикаат негово
откачување.
6.
Носете заштита за очите, ушите, главата
и рацете. Соодветната заштитна опрема
може да ги намали телесните повреди од
разлетаниот отпад или случајниот контакт со
линијата за сечење или сечилото.
7.
Додека работите со машината, секогаш
носете заштитни обувки што не се лизгаат.
Не ракувајте со машината боси или
со отворени сандали. Ова ја намалува
шансата за повреда на стапалата од допир со
подвижните секачи или линии.
8.
При ракувањето со машината, секогаш
носете долги панталони. Изложената кожа
ја зголемува веројатноста од повреда од
исфрлени предмети.
Набљудувачите нека стојат понастрана кога
9.
работите со машината. Исфрлените остатоци
може да предизвикаат сериозна телесна
повреда.
10. Секогаш користете ги двете раце кога
работите со машината. Држете ја машината
со двете раце за да избегнете губење
контрола.
11.
Држете ја машината само за изолираните
држачи затоа што линијата за сечење
или сечилото може да дојде во допир
со скриени жици. Линијата за сечење или
сечилата што ќе допрат жица под напон може
да ја пренесе струјата до металните делови
на машината и да предизвика струен удар на
операторот.
12. Секогаш обезбедувајте стабилна потпора
и ракувајте со машината само кога стоите
на земја. Лизгавите или нестабилни површини
може да доведат до губење на рамнотежата
или контролата врз машината.
13. Не работете со машината на многу стрмни
падини. Ова го намалува ризикот од губење
на контролата, лизгање и паѓање, што може да
резултира со телесна повреда.
14. Кога работите на падини, секогаш
внимавајте како газите, секогаш работете
напречно, никогаш нагоре или надолу и
бидете исклучително внимателни кога ја
менувате насоката. Ова го намалува ризикот
од губење на контролата, лизгање и паѓање,
што може да резултира со телесна повреда.
15. Чувајте ги сите делови на телото подалеку
од сечилото за плевел кога работи алатот.
Пред да ја стартувате машината, осигурете
се дека сечилото за плевел не допира
ништо. Еден момент на невнимание при
употребата на машината може да доведе да се
повредите вие или некој друг.
16. Не ракувајте со машината повисоко
од вашата половина. Така ќе спречите
ненамерно допирање на сечилото за плевел и
ќе имате подобра контрола над машината во
неочекувани ситуации.
17. Кога сечете грмушки или фиданки што се
оптегнати, внимавајте кога ќе се ослободат.
Кога ќе се ослободи тензијата во дрвото,
грмушките или фиданките може да го удрат
операторот и/или да ја исфрлат машината
надвор од контрола.
18. Посебно внимавајте кога сечете грмушки и
фиданки. Тенкиот материјал може да го фати
сечилото и да го повлече кон вас или да ја
наруши вашата рамнотежа.
19. Одржувајте ја контролата над машината и не
допирајте го сечилото за плевел и другите
опасни подвижни делови додека сè уште се
движат. Ова го намалува ризикот од повреда
од подвижни делови.
20. Носете ја машината исклучена и подалеку
од вашето тело. Ако правилно ракувате со
машината, ќе се намали можноста случајно да
дојдете во контакт со подвижниот секач, линија
или сечило.
21. При транспорт или складирање на
машината, секогаш прикачувајте го капакот
на сечилото за плевел. Ако правилно
ракувате со машината, ќе се намали можноста
случајно да дојдете во контакт со сечилото.
22. Користете само сечила за плевел за замена
што ги препорачува производителот.
Неправилни резервни делови може да го
зголемат ризикот од кршење и повреда.
23. При чистење на заглавен материјал или
сервисирање на машината, проверете дали
прекинувачот е исклучен и дали батеријата
е отстранета. Неочекуваното стартување на
машината при чистење на заглавен материјал
или сервисирање може да резултира со
сериозна телесна повреда.
160 МАКЕДОНСКИ