Descargar Imprimir esta página

Bosch 0 611 919 001 Manual Original página 219

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 35
– Управување
За информации за Bluetooth® Low Energy Module GCY 42
прочитајте го соодветното упатство за употреба.
Деактивирање на Connectivity-функција
Електричниот алат со вграден Bluetooth® Low Energy
u
модул е опремен со далечински интерфејс. Треба
да се внимава на локалните оперативни
ограничувања, на пр. во авиони или болници.
Напомена: капачето (10) може да се затвори само кога
Bluetooth® Low Energy модулот и копчестата батерија се
наоѓаат во електричниот алат.
– За деактивирање на Bluetooth® Low Energy модулот
свртете ја копчестата батерија или ставете изолација
помеѓу копчестата батерија и Bluetooth® Low Energy
модул.
– Затворете го капачето (10) за да спречите влегување
нечистотија.
Совети при работењето
Електричниот алат со вграден Bluetooth® Low Energy
u
модул GCY 42 е опремен со далечински интерфејс.
Треба да се внимава на локалните оперативни
ограничувања, на пр. во авиони или болници.
Во предели каде Bluetooth®-радио технологијата не
u
смее да се користи, мора да се исклучат Bluetooth®
Low Energy модулот GCY 42 и копчестата батерија.
Напомена: Капачето (10) може да се затвори само кога
Bluetooth® Low Energy Module GCY 42 и копчестата
батерија се наоѓаат во електричниот алат.
– За деактивирање на Bluetooth® Low Energy Module
GCY 42 свртете ја копчестата батерија или ставете
изолација помеѓу копчестата батерија и Bluetooth® Low
Energy Module GCY 42.
– Затворете го капачето (10), за да спречите влегување
нечистотија.
Подесување на длабочината на дупчење (види слика
H)
Со граничникот за длабочина (14) може да се утврди
длабочината на дупчење X.
– Притиснете го копчето за подесување на граничникот
за длабочина (13) и поставете го граничникот за
длабочина во дополнителната рачка (15).
Избраздениот дел на граничникот за длабочина (14)
мора да покажува надолу.
– Вметнете го SDS-plus-алатот за вметнување до крај во
прифатот за алат SDS-plus (2). Инаку, доколку SDS-
plus-алатот е лабаво наместен, може да доведе до
погрешно подесување на длабочината на дупчење.
– Извлечете го граничникот за длабочина до степен што
растојанието меѓу врвот на дупчалката и врвот на
граничникот за длабочина ќе одговара на саканата
длабочина на дупчење X.
Промена на позицијата за длетување (Vario-Lock)
Длетото може да го фиксирате во 44 позиции. Притоа,
може да ја користите оптималната работна позиција.
Bosch Power Tools
– Ставете го длетото во прифатот за алат.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/
вртежи (12) во позиција „Vario-Lock".
– Свртете го алатот за вметнување во саканата позиција
за длетување.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/
вртежи (12) во позиција „Длетување". Со тоа,
прифатот за алат ќе се фиксира.
– Поставете го правецот на вртење за длетување на
десен тек.
Вметнување на битови за одвртувач (види слика I)
Електричниот алат ставете го на навртката/
u
завртката само доколку е исклучен. Доколку алатите
што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да
се превртат.
За користење на битовите за одвртувач потребен ви е
универзален држач (22) со SDS-plus-вратило за прифат
(опрема).
– Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за
прифат и малку намастете го.
– Универзалниот држач ставете го со вртење во
прифатот на алат, додека самиот не се заклучи.
– Проверете дали е заклучена со влечење на
универзалниот држач.
– Ставете еден бит за одвртувач на универзалниот
држач. Користете само битови што се соодветни на
главата за завртување.
– За вадење на универзалниот држач вметнете ја
чаурата за заклучување (4) наназад и извадете го
универзалниот држач (22) од прифатот за алат.
Закачување на електричниот алат (види слика J)
Со куките за закачување (17) може да го прицврстите
електричниот алат на соодветниот уред за закачување.
– Свиткајте ја куката за закачување (17) нагоре.
– Проверете ја куката за закачување (17) да не е
оштетена или деформирана.
Не ја користете куката за закачување (17) доколку е
оштетена, деформирана или не е добро прицврстена
на електричниот уред.
– Закачете го електричниот алат со куката за
закачување (17) на стабилен уред за закачување.
За да избегнете оштетување или повреди, уредот за
закачување не смее да биде поставен над тротоарите
или во непосредна близина на работни места.
Куката за закачување треба да се користи за
закачување на електричниот алат и за додатоците за
монтажа.
– Склопете ја куката за закачување (17) кога ќе
работите со електричниот алат.
Никогаш не ја користете куката за закачување (17)
u
за заштита од паѓање.
Никогаш не го прицврстувајте додатокот за
заштита од паѓање на куката за закачување.
Македонски | 219
1 609 92A 80W | (05.07.2022)

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Professional gbh 18v-28 dc