Исклучете го електричниот алат од струја и/или
u
сетот на батерии од електричниот алат, пред да
правите некакви прилагодувања, менувате
дополнителна опрема или го складирате
електричниот алат. Со овие превентивни
безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно
вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат
u
на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале
со електричниот алат или не се запознаени со ова
упатство да работат со истиот. Електричните алати се
опасни во рацете на необучени корисници.
Одржување на електрични алати. Проверете го
u
порамнувањето или прицврстување на подвижните
делови, спојот на деловите и сите други услови што
може негативно да влијаат врз функционирањето
на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го
електричниот алат на поправка пред да го
користите. Многу несреќи се предизвикани заради
несоодветно одржување на моќните алати.
Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно
u
одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се
виткаат и полесно се контролираат.
Електричниот алат, дополнителната опрема,
u
деловите и др., користете ги во согласност со ова
упатство, внимавајте на работните услови и
работата која ја вршите. Користењето на
електричниот алат за други намени може да доведе до
опасни ситуации.
Употреба и чување на батериски алат
Полнете ја батеријата само со полнач наведен од
u
производителот. Полнач којшто е соодветен за еден
тип сет на батерии може да предизвика опасност од
пожар ако се користи за друг сет на батерии.
Електричните алати користете ги само со
u
специјално наменети сетови на батерии.
Користењето на други сетови на батерии може да
предизвика опасност од повреда или пожар.
Кога не го користите сетот на батерии, чувајте го
u
подалеку од други метални предмети, како на пр.,
спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или
други помали метални предмети што може да
предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток
спој на батериските извори може да предизвика
изгореници или пожар.
Под непредвидени околности, течноста може да
u
истече од батеријата; избегнувајте контакт. При
случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако
течноста влезе во очите, побарајте дополнителна
медицинска помош. Течност истечена од батеријата
може да предизвика иритација или изгореници.
Сервисирање
Електричниот алат сервисирајте го кај
u
квалификувано лице кое користи само идентични
резервни делови. Со ова се овозможува безбедно
одржување на електричниот алат.
Bosch Power Tools
Безбедносни напомени за пили со подвижни
ленти
Држете го електричниот алат за изолираната
u
површина додека сечете за да не дојде во контакт
со скриена жица. Контактот на алатот за сечење со
жици под напон може да ги изложи и металните делови
од уредот под напон и да доведе до струен удар.
Користете менгеме или некој друг практичен начин
u
за да го обезбедите и прицврстите делот што се
обработува на стабилна површина. Доколку го
држите делот што се обработува со рака или го
наслоните на вас, тоа ќе биде нестабилно и може да
изгубите контрола.
Држете ги рацете подалеку од делот каде што се
u
сече. Не фаќајте под делот што се обработува.
Доколку дојдете во контакт со листовите за пила
постои опасност од повреда.
Ставете го електричниот алат само кога е вклучен
u
на делот што се обработува. Инаку постои опасност
од повратен удар, доколку алатот што се вметнува се
заглави во делот што се обработува.
По завршувањето на работењето исклучете го
u
електричниот алат и извадете го сечилото за пилата
со подвижна лента од исечокот дури тогаш кога тој
ќе застане. На тој начин ќе избегнете повратен удар и
ќе може безбедно да го оставите електричниот алат.
Користете само неоштетени, беспрекорни сечила
u
за пила со подвижна лента. Свитканите или тапите
листови за пила со подвижна лента може да се скршат
или да предизвикаат повратен удар.
Средството за подмачкување или маслото држете
u
ги понастрана од сечилата за пила со подвижна
лента. Избришете го целосно вишокот масло пред
сечењето. Инаку листот за пилата со подвижна лента
може да се слизне.
Не притискајте премногу на сечилото за пилата со
u
подвижна лента за време на работниот процес.
Преголемиот притисок може да доведе до лизгање или
кршење на листот за пилата со подвижна лента.
Постои опасност од повреда.
По исклучувањето не го закочувајте сечилото за
u
пила со подвижна лента со странично притискање.
Листот за пила со подвижна лента може да се оштети,
скрши или да предизвика повратен удар.
Не го фаќајте сечилото од пилата со подвижна
u
лента по работата, додека не се олади. Листот за
пилата со подвижна лента за време на работата се
вжештува.
При работата, држете го електричниот алат цврсто
u
со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со
електричниот алат посигурно ќе управувате ако го
држите со двете дланки.
Почекајте додека електричниот алат сосема не
u
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да
доведе до губење контрола над уредот.
Македонски | 153
1 609 92A 8RW | (16.11.2023)