Descargar Imprimir esta página

Bosch 06039B3000 Manual Original página 147

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 24
По подолго работење со мал број на вртежи, за да го
оладите електричниот алат оставете го да се врти во
празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.
При дупчење во метал, користете само беспрекорно
наострени HSS дупчалки (HSS = висококапацитетно брзо
сечење со челик). Квалитетот е загарантиран преку
Bosch програмата за опрема.
Пред навртување на големи, подолги завртки во цврсти
материјали, претходно издупчете 2/3 од должината на
завртката според внатрешниот дијаметар на навојот.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Доколку батеријата не функционира повеќе, обратете се
кај овластената сервисна служба за Bosch-електрични
алати.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
под:
www.bosch-pt.com/serviceaddresses
Bosch Power Tools
Транспорт
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на
Законот за опасни материјали. Батериите може да се
транспортираат само од страна на корисникот, без
потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Отстранување
Електричните апарати, батериите, опремата
и амбалажите треба да се отстранат на
еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати и
батериите во домашната канта за ѓубре!
Само за земјите од ЕУ:
Според европската директива 2012/19/EU за стари
електрични и електронски уреди и нивната употреба во
националното законодавство, електричните алати што се
вон употреба и дефектните или искористените батерии
според директивата 2006/66/EC мора одделно да се
соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и
електронската опрема може да имаат штетни влијанија
врз животната средина и здравјето на луѓето поради
можното присуство на опасни материи.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт
(види „Транспорт", Страница 147).
При отстранување, вградените батерии смеат да се
u
извадат само од страна на стручен персонал. Со
отворање на обвивката на куќиштето, електричниот
алат може да се уништи.
За да ја извадите батеријата од електричниот алат,
притискајте на електричниот алат додека целосно не се
испразни батеријата. Одвртете ги завртките на куќиштето
и извадете ја обвивката на куќиштето, за да ги извадите
батериите. За да избегнете краток спој, извадете ги
поединечно еден по друг приклучоците на батеријата и
потоа изолирајте ги половите. Дури и при целосното
празнење во батеријата има преостанат капацитет,
којшто може да се ослободи при краток спој.
Македонски | 147
1 609 92A 7V0 | (19.07.2022)

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Easydrill 1206039b3001