OBJ_BUCH-815-005.book Page 114 Monday, June 27, 2016 9:58 AM
114 | Македонски
Совети при работењето
За обележување, секогаш користете ја само
средината на ласерската точка. Големината на
ласерската точка се менува во зависност од
растојанието.
Прицврстување со држач
За да го прицврстите мерниот уред на држач 8 свртете го
шрафот за фиксирање 9 на држачот во 1/4"-прифатот за
статив 6 на мерниот уред. За вртење на мерниот уред на
држачот, олабавете го малку шрафот 9.
– Свртете го мерниот уред на држачот 8 на страна или
наназад, за да стане видлив долниот вертикален зрак.
– Свртете го мерниот уред на држачот 8, за да
пренесувате висини со хоризонталните ласерски
зраци.
Со помош на држачот 8 ги имате следните можности за
прицврстување на мерниот уред:
– Монтирајте го држачот 8 со 1/4"-прифатот за статив 13
на стативот 18 или на обичен фотостатив. За
прицврстување на обичен градежен статив, користете
5/8"-прифат за статив 14.
– Држачот 8 може да се прицврсти со магнети 12 на
челичните делови.
– На ѕидовите од гипс-картон или дрво, држачот 8 може
да се прицврсти со шрафови. Вметнете шрафови со
должина од најмалку 60 мм низ отворите за
зашрафување 10 на држачот.
– На цевките или слично, држачот 8 може да се
прицврсти со обичен појас, кој се затегнува со
водилката за појасот 11.
Работење со статив (опрема)
Стативот 18 овозможува стабилна мерна подлога што
може да се подесува по висина. Поставете го мерниот
уред со прифатот за статив 6 на 1/4"-навој на стативот и
зашрафете го цврсто со шрафот за фиксирање на
стативот.
Работење со мерна плоча (опрема)
Со помош на мерната плоча 15 ознаката од ласерот може
да ја пренесете на подот, одн. висината на ласерот да ја
пренесете на ѕид.
Со нулта-полето и скалата може да го измерите
отстапувањето кон саканата висина и повторно да го
пренесете на друго место. На тој начин отпаѓа точното
подесување на мерниот уред на висината на која треба да
се пренесе.
Мерната плоча 15 има рефлектирачки слој, кој ја
подобрува видливоста на ласерскиот зрак на големи
растојанија одн. при јаки сончеви зраци. Зајакнувањето
на осветлувањето може да се препознае само кога гледате
паралелно кон ласерскиот зрак на мерната плоча.
Ласерски очила (опрема)
Ласерските очила ја филтрираат околната светлина. На тој
начин црвеното светло на ласерот изгледа посветло за
окото.
Не ги користете ласерските очила како заштитни
очила. Ласерските очила служат за подобро
1 609 92A 272 | (27.6.16)
препознавање на ласерскиот зрак, но не заштитуваат
од ласерското зрачење.
Не ги користете ласерските очила како очила за
сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила не
даваат целосна UV-заштита и го намалуваат
препознавањето на бои.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Мерниот уред складирајте го и транспортирајте го само во
испорачаната заштитна ташна.
Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред.
Не го потопувајте мерниот уред во вода или други
течности.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не
користете средства за чистење или раствори.
Редовно чистете ги површините околу излезниот отвор на
ласерот и притоа внимавајте на влакненцата.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на полначот.
Во случај да треба да се поправи, пратете го мерниот уред
во заштитната ташна 16.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Отстранување
Мерните уреди, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте мерните уреди и батериите во домашната
канта за ѓубре!
Bosch Power Tools