ВАЖНО Застанете ја машината и секогаш
вадете ја батеријата (пасус 7.2.2) секојпат
кога ќе ја извадите цевката од раздувувачот.
5. КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА
5.1 ПРЕКИНУВАЧ ЗА ПАЛЕЊЕ/
ЗАСТАНУВАЊЕ
Прекинувачот за палење/застанување
(сл. 4.A) има две функции:
1. палење/гасење на машината со
истовремено активирање/дезактивирање
на вртењето на роторот,
2. овозможува регулација на брзината
на вртењето на роторот.
За да ја запалите машината, придвижете
го прекинувачот од позицијата
за застанување (сл. 4.A.1) кон
позицијата за палење (сл. 4.A.2).
Палењето на машината предизвикува
истовремено и вртење на роторот.
За да ја застанете машината, придвижете
го прекинувачот во позицијата
за застанување (сл. 4.A.1).
Брзината на вртење на роторот треба да се
прилагоди на видот на работата (поглавје
6.4.1) и може да се регулира со движење
на прекинувачот во саканата положба:
– позиција за палење (сл. 4.A.2) за
средна брзина на раздувувачот;
– позиција за голема брзина (сл. 4.A.3) за
максимална брзина на раздувувачот.
6. УПОТРЕБА НА МАШИНАТА
ВАЖНО Безбедносните мерки што треба
да ги следите се дадени во поглавје 2. Строго
придржувајте се до тие упатства за да
избегнете сериозни ризици или опасности.
6.1 ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
Пред да започнете со работа, неопходно е да
спроведете серија контроли и операции за
да обезбедите дека работата ќе се одвива на
ефикасен начин и со максимална безбедност.
6.1.1 Контрола на батеријата
• Пред секоја употреба:
– проверете ја состојбата на полначот
за батеријата следејќи ги насоките
посочени во упатството за батеријата.
6.2 БЕЗБЕДНОСНИ КОНТРОЛИ
Спроведете ги следните безбедносни
контроли и проверете дали резултатите
соодветствуваат со даденото во табелата.
Секогаш извршувајте ги
безбедносните контроли пред работа.
6.2.1 Општа контрола
Предмет
Рачки (сл. 1.D)
Навртки на машината
Отвори за воздух
за ладење
Цевка на раздувувачот
(сл. 1.B)
Терминал на цевката на
раздувувачот (сл. 1.C)
Ротор
Заштити
Батерија (сл. 1.E)
Машина
Прекинувач за палење/
застанување (сл. 4.A)
Пробна работа
MK - 10
Резултат
Чисти, исушени,
правилно и цврсто
фиксирани на
машината.
Добро зашрафени
(не разлабавени)
Без пречки
Правилно поставена.
Никаков знак на
оштетување Без пречки.
Правилно поставен.
Никаков знак на
оштетување Без пречки.
Никаков знак на
оштетување
Никаков знак на
оштетување
Без никакви
оштетувања на
куќиштето и без
протекување на течност
Никаков знак на
оштетување или
изабеност
Треба лесно да се
движи од една во
друга позиција
Нема чудни вибрации.
Нема чудни звуци