OBJ_BUCH-1037-005.book Page 119 Monday, November 10, 2014 12:55 PM
Изјава за сообразност
Тврдиме на наша одговорност, дека производот
опишан во „Технички податоци" е сообразен со сите
релевантни одредби на директивата 2006/42/EG
вклучително и нивните промени, како и со следните
норми: EN 792-13.
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch GmbH, PT/ETM9,
70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY
Henk Becker
Helmut Heinzelmann
Executive Vice President
Head of Product Certification
Engineering
PT/ETM9
Robert Bosch GmbH, Power Tools Division
70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY
Leinfelden, 12.11.2014
Монтажа
Приклучок на напојувањето со воздух
(види слика A)
Погрижете се притисокот на пневматскиот алат да не е
поголем од максимално дозволениот номинален
притисок на пневматскиот алат. Најпрво поставете го
притисокот на воздухот на долната вредност од
препорачаниот номинален притисок (види „Технички
податоци").
Доколку се двоумите, проверете го притисокот на
влезот за воздух со манометар и со вклучен пневматски
алат.
За максимална јачина мора да се придржувате до
вредностите за цревото за довод на воздух 13
(приклучен навој, максимален оперативен притисок,
внатрешен дијаметар на цревото, максимална должина
на цревото; види „Технички податоци").
Во доведениот компресиран воздух не смее да има туѓи
тела и влага, за да го заштити пневматскиот алат од
оштетување, нечистотија и создавање р'ѓа.
Сите арматури, кабелски врски и црева мора да бидат
така конструирани да одговараат на притисокот и
потребната количина на воздух.
Избегнувајте стеснување на доводните водови напр. со
притискање, превиткување или истегнување!
Приклучок за напојување со воздух на
пневматскиот алат
– Испразнете го магацинот 8.
(види „Празнење на магацинот", страна 120)
При вршење на следните работни чекори може да се
испука муниција, доколку внатрешните делови на
пневматскиот алат не се наоѓаат во излезна позиција
за време на поправка, одржување или транспорт.
– Поврзете го приклучниот елемент за воздух 6 со
црево за довод на воздух 13, коешто е опремено со
спојница со брз затворач 12.
– Проверете дали уредот функционира беспрекорно,
така што ќе го поставите пневматскиот алат со
отворот 11 или ев. со гумиран штитник на делот што
се обработува 1 на остатокот од парчето дрво или
дрвен материјал и ќе активирате еднаш до два пати.
Полнење на магацинот (види слики B1–B2)
Прекинете го напојувањето со воздух,
пред да почнете да го подесувате
уредот, да менувате делови од
опремата или доколку долго време не
сте го користеле пневматскиот алат.
Овие превентивни мерки го спречуваат
невнимателниот старт на пневматскиот уред.
Користете само оригинална Bosch опрема (види
„Технички податоци"). Прецизните делови на
пневматскиот алат како магацинот, отворот и
каналот за пукање се прилагодени на хефт-иглиците,
шајките и клинците на Bosch. Другите производители
употребуваат друг квалитет на челик и димензии.
Користењето на недозволена муниција може да го
оштети пневматскиот алат и да предизвика повреди.
Bosch Power Tools
За време на полнењето муниција, држете го
пневматскиот алат, така што отворот 11 нема да биде
насочен ниту кон Вашето тело ниту кон други лица.
– Повлечете го наназад лизгачот на магацинот 7 сè
додека не се вклопи на задната страна.
Напомена: Лизгачот на магацинот мора да врати назад
без многу сила (само со силата на прстот). Силно
затегнатиот лизгач на магацин значи дека шајките ќе се
испукуваат под погрешен агол.
– По потреба исчистете го и подмачкајте го лизгачот на
магацинот 7 и погрижете се да не е извалкан
магацинот 8.
– Ставете соодветна лента со шајки 14.
Не користете ленти со шајки, коишто содржат
помалку од 5 шајки. Не ставајте повеќе од 2 ленти со
шајки. Проверете дали главите на шајките се
преклопуваат.
GSN 90-34 DK: Кај овој пневматски алат блокадата на
лизгачот на магацинот спречува испукување на
последните шајки. Во магацинот остануваат околу 7
шајки.
– Повлечете го лизгачот на магацинот 7 уште еднаш
сосема наназад, за да ја ослободите блокадата.
– Водете го лизгачот на магацинот внимателно
нанапред додека не дојде во контакт со лентата со
шајки.
Проверете дали лизгачот на магацинот е поместен
над главата на последната шајка.
Напомена: Не допуштајте лизгачот на магацинот да се
затвора без контрола. Притоа лизгачот на магацинот
може да се оштети и постои опасност да ги згмечите
прстите.
Употреба
Системи за активирање
Пневматскиот алат може да се активира со два
различни системи за активирање
– Поединечно активирање со осигурувач
Кај овој систем за активирање најпрво мора
стабилно да се постави осигурувачот за активирање
2 на делот што се обработува. Муницијата ќе се
испука откако ќе се притисне чкрапалото 10 .
Потоа може да се активираат и други процеси на
набивање, доколку чкрапалото и осигурувачот за
активирање повторно се вратат во првобитната
позиција.
– Активирање на контакт
Кај овој систем за активирање најпрво мора да се
притисне чкрапалото 10. Муницијата може да се
испука секогаш кога осигурувачот на активирањето
2 е цврсто притиснат на делот што се обработува при
притиснато чкрапало.
На тој начин ќе се постигне поголема работна
брзина.
За подесување на системот за активирање служи
преклопникот 9.
Ставање во употреба
Прекинете го напојувањето со воздух,
пред да почнете да го подесувате
уредот, да менувате делови од
опремата или доколку долго време не
сте го користеле пневматскиот алат.
Овие превентивни мерки го спречуваат
невнимателниот старт на пневматскиот уред.
Работење со поединечно активирање (види слика C)
– Притиснете го преклопникот 9 навнатре и
истовремено навалете го во долната позиција додека
не се вклопи повторно.
Системот за активирање
„Поединечно активирање" е
поставен.
– Повторно отпуштете го преклопникот 9.
– Поставете го отворот 11 или гумираниот штитник 1
цврсто на делот што се обработува, сè додека
осигурувачот за активирање 2 не се притисне
целосно.
Македонски | 119
– На крај кратко притиснете на чкрапалото 10 и
повторно отпуштете го.
Притоа ќе се испука една шајка.
– Оставете го пневматскиот алат да се врати назад од
делот што се обработува.
– За следниот процес на набивање подигнете го
пневматскиот алат од делот што се обработува и
поставете го цврсто на следното место.
Работење со активирање на контакт (види слика D)
– Притиснете го преклопникот 9 навнатре и
истовремено навалете го во горната позиција,
додека повторно не се вклопи.
Системот за
активирање
„Активирање на
контактот" е поставен.
– Повторно отпуштете го преклопникот 9.
– Притиснете го чкрапалото 10 и држете го
притиснато.
– Поставете го отворот 11 или гумираниот штитник 1
цврсто на делот што се обработува, сè додека
осигурувачот за активирање 2 не се притисне
целосно.
Притоа ќе се испука една шајка.
– Оставете го пневматскиот алат да се врати назад од
делот што се обработува.
– За следниот процес на набивање подигнете го
пневматскиот алат од делот што се обработува и
поставете го цврсто на следното место.
– Движете го пневматскиот алат со истовремено
подигање и повторно поставете го над делот за
обработка.
Секој пат кога ќе го поставите пневматскиот алат и ќе
го притиснете осигурувачот за активирање, ќе се
исфрли муниција.
– Штом ќе се набие потребниот број на шајки,
повторно отпуштете го чкрапалото 10.
Совети при работењето
Прекинете го напојувањето со воздух,
пред да почнете да го подесувате
уредот, да менувате делови од
опремата или доколку долго време не
сте го користеле пневматскиот алат.
Овие превентивни мерки го спречуваат
невнимателниот старт на пневматскиот уред.
Пред секој почеток на работата проверете дали
беспрекорно функционираат уредите за безбедност и
активирање, како и дали се цврсто поставени завртките
и навртките.
Веднаш исклучете го пневматскиот алат којшто е
дефектен или не работи беспрекорно од доводот на
воздух и контактирајте ја овластената сервисна служба
на Bosch.
Не вршете недозволени интервенции на пневматскиот
алат. Не ги демонтирајте или блокирајте деловите на
пневматскиот алат, како на пр. осигурувачот за
активирање.
Не извршувајте „итни поправки" со несоодветни
средства. Пневматскиот алат треба редовно и правилно
да се одржува (види „Одржување и чистење",
страна 120).
Избегнувајте ослабување и оштетување на
пневматскиот алат, на пр. при
– забивање или гравирање
– доколку производителот не дозволил преправки,
– водење по шаблони, коишто се изработени од цврст
материјал, на пр. челик,
– испаѓање и туркање преку под,
– употреба како чекан,
– секој вид на употреба на сила.
Проверете што се наоѓа под или зад Вашиот дел за
обработка. Не испукувајте шајки во ѕидови, плафони
или подови, доколку зад нив има лица. Шајките може да
поминат низ материјалот и да повредат некого.
Не испукувајте шајка на веќе набиена шајка. Притоа
шајката може да се деформира, да се заглават шајките
или пневматскиот алат да почне неконтролирано да се
движи.
1 609 92A 10Z | (10.11.14)