1.
ИНФОРМАЦИЈА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Пред да го инсталирате и користите уредот, внимателно прочитајте
ги дадените упатства. Производителот не е одговорен за било какви
повреди или штети кои се резултат на неправилно приклучување или
употреба на уредот. Овој прирачник треба да се чува на сигурно и
лесно достапно место за подоцнежна употреба.
1.1 Безбедност на деца и лица со посебни потреби
▪ Овој уред може да се користи од страна на деца кои имаат
навршено најмалку осум години, како и лица со намалени физички,
сензорни или ментални способности или лица без релевантно
искуство и знаење само под услов кога на ваквите лица им е
обезбеден соодветен надзор или упатување на таквите лица како
да го користат уредот на безбеден начин кој гарантира дека ги
разбираат придружните ризици.
▪ Деца на возраст од 3-8 години и лица со посебни потреби со
екстензивен и комплексен карактер не смеат да имаат пристап до
уредот доколку не им се обезбеди постојан надзор.
▪ Деца на возраст под 3 години не смеат да имаат пристап до уредот
доколку не им се обезбеди постојан надзор.
▪ Деца не смеат да го користат уредот како играчка.
▪ Деца не треба да имаат контакт со опаковката, отстранете ја на
соодветен начин.
▪ Деца и животни не смеат да имаат пристап до уредот додека
работи.
▪ Деца не смеат да вршат работи за чистење или одржување на
уредот без надзор.
1.2 Општи правила за безбедност
▪ Уредот е наменет за домашна употреба, над печки, шпорети и
други слични апарати за готвење.
▪ Пред да се пристапи кон било какви работи за одржување уредот
мора да се исклучи од изворот на електрично напојување.
▪ ВНИМАНИЕ: Деловите до кои имате пристап, може да се загреат
при употребата со уреди за готвење.
▪ За монтирање на уредот користете ги исклучиво завртките
испорачани со уредот; доколку тие не се испорачани користете
118