OBJ_BUCH-1628-003.book Page 159 Wednesday, March 19, 2014 9:40 AM
Македонски
Безбедносни напомени
Сите упатства треба да се прочитаат и да се внимава
на нив, за да може безбедно и без опасност да
работите со мерниот уред. Не ја оштетувајте ознаката
за предупредување на мерниот уред. ДОБРО
ЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА И ПРЕДАДЕТЕ ГИ
ЗАЕДНО СО МЕРНИОТ УРЕД.
Внимание – доколку користите други уреди за подесување и
ракување освен овде наведените или поинакви постапки, ова
може да доведе до опасна изложеност на зрачење.
Мерниот уред се испорачува со натпис за предупредување
(означено на приказот на мерниот уред на графичката страна со
број 22).
Nicht in den Strahl blicken
IEC 60825-1:2007<1mW, 635 nm
Доколку текстот на налепницата за предупредување не е на
вашиот јазик, врз него залепете ја налепницата на вашиот јазик
пред првата употреба.
Не го насочувајте ласерскиот зрак на лица или
животни и не погледнувајте директно во него или
неговата рефлексија. Така може да ги заслепите
лицата, да предизвикате несреќи или да ги оштетите
очите.
Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш треба да ги
затворите и да ја тргнете главата од ласерскиот зрак.
Не вршете никакви промени на ласерскиот уред.
Не ги користете ласерските очила како заштитни очила.
Ласерските очила служат за подобро препознавање на ласерскиот
зрак, но не заштитуваат од ласерското зрачење.
Не ги користете ласерските очила како очила за сонце или пак во
сообраќајот. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го
намалуваат препознавањето на бои.
Мерниот уред смее да се поправа само од страна на
квалификуван стручен персонал со оригинални резервни
делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на
мерниот уред.
Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот мерен уред без
надзор. Може да ги заслепат другите лица поради невнимание.
Не работете со мерниот уред во околина каде постои опасност од
експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина.
Мерниот уред создава искри, кои може да ја запалат правта или
пареата.
Не го принесувајте мерниот уред во близина на
пејсмејкери. Магнетите 14 создаваат поле, кое може
да ја наруши функцијата на пејсмејкерите.
Држете го мерниот уред подалеку од магнетски носачи на
податоци и уреди осетливи на магнет. Поради влијанието на
магнетот 14 може да дојде до неповратно губење на податоците.
Опис на производот и моќноста
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ на мерниот
уред, и држете ја отворена додека го читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Мерниот уред е наменет за прецизно мерење и пренесување на
косини.
Мерниот уред е оптимиран за користење во внатрешен простор.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на
мерните апарати на графичката страница.
1 Копче за сигнален тон
2 Копче за вклучување-исклучување на мерењето на
косини/екранот
3 Промена на копчето Нулта точка „Alt 0°"
4 Копче Калибрација/Зголемување на прикажаната вредност „CAL"
5 Копче Промена на мерните единици/Намалување на прикажаната
вредност „° / % / mm/m"
Bosch Power Tools
Laserstrahlung
Laser Klasse 2
Македонски | 159
1 609 92A 0KV | (19.3.14)