210 | Македонски
Калибрирање на вертикални површини за налегнување за мерењето
на косини (види слика J)
Површината на којашто го налегнувате мерниот уред, не смее да
отстапува повеќе од 5° од вертикалата. Доколку отстапувањето е
поголемо, калибрирањето ќе се прекине со приказот ---.
Вклучете го мерниот уред и поставете го на вертикална
➀
површина во таква положба, така што либелата за вертикално
израмнување (10) ќе гледа нагоре и екранот (7) да биде
насочен кон Вас. Почекајте 10 s.
Потоа притиснете го копчето за калибрирање за околу 2 s
➁
UnitsCal (20), додека не се појави кратко CAL1 на екранот.
Потоа измерената вредност трепка (n) на екранот.
Свртете го мерниот уред за 180° околу хоризонталната оска,
➂
така што либелата за вертикално израмнување (10) ќе гледа кон
надолу, а екранот (7) ќе биде свртен на страната кон Вас.
Почекајте 10 s.
Потоа повторно притиснете го копчето за калибрирање
➃
UnitsCal (20). На екранот кратко ќе се прикаже CAL2. Потоа се
појавува измерената вредност (n) (не трепка повеќе) на
екранот. Мерниот уред сега е одново калибриран за оваа
површина на налегнување.
Напомена: Доколку мерниот уред, не се врти околу оската којашто е
прикажана на сликите при чекорот ➂, калибрирањето не може да се
заврши.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред.
Не го потопувајте мерниот уред во вода или други течности.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства
за чистење или раствори.
Редовно чистете ги површините околу излезниот отвор на ласерот и
притоа внимавајте на влакненцата.
Доколку мерниот уред е изложен на дожд подолг период, може да се
појават пречки при неговото функционирање. Откако целосно ќе се
исуши, мерниот уред е повторно неограничено подготвен за примена.
Не е потребно калибрирање.
Мерниот уред складирајте го и транспортирајте го само во заштитната
чанта (22).
Во случај да треба да се поправи, пратете го мерниот уред во заштитната
чанта (22).
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со
поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните
делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто
така ќе најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку
имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го
10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Отстранување
Мерните уреди, акумулаторските батерии/батериите, опремата и
амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте мерните уреди и батериите во домашната
канта за отпадоци!
Само за земјите од ЕУ:
Според европската директива 2012/19/ЕU мерните уреди што се вон
употреба и дефектните или искористените батерии според директивата
2006/66/ЕC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за
повторна употреба.
1 609 92A 58L | (22.11.2019)
Bosch Power Tools