Одржување, Одлагање И Транспорт; Заштита На Животната Средина - Stiga MP2 504 Serie Manual De Instrucciones

Ocultar thumbs Ver también para MP2 504 Serie:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 130
• Обрнете особено внимание во присуство на 
стрмнини, дупки или препреки. Машината може 
да се преврти ако едното тркало поминува 
преку раб или ако работ е закосен.
• Работете секогаш надолжно во однос на 
косината, во правец нагоре/надолу, но никогаш 
попреку внимавајќи при тоа на менувањето на 
правецот одржувајќи правилна потпора и да 
избегнувате тркалата да удираат на пречки 
(камења, гранки, корења и сл.) со што може да 
се предизвика странично лизгање, превртување 
или загуба на контролата врз машината.
• Внимавајте на сообраќајот кога машината 
се користи во близина на пат.
• За да избегнете ризик од пожар, не оставајте 
ја машината со врел мотор во лисја, исечена 
трева или кај друг запалив материјал.
Однесување
• Обрнете внимание кога одите во рикверц 
или наназад. Погледнете зад неа пред и 
при движење наназад за да обезбедите 
дека нема никакви пречки.
• Никогаш не трчајте, туку одете.
• Избегнувајте да ја влечете тревокосачката.
• Секогаш држете ги рацете и нозете подалеку 
од уредот со сечивото, особено при палење на 
моторот и додека работите со машината..
• Внимание: делот со сечивото продолжува да 
се врти уште неколку секунди откако ќе се 
исклучи или откако ќе го изгаснете моторот.
• Секогаш стојте оддалечено од 
испустот за празнење.
• Не допирајте ги деловите на моторот коишто се 
загреваат во текот на работата. Ризик од опекотини.
Во случај на дефект или инциденти во
текот на работата, веднаш исклучете го моторот
и оддалечете ја машината внимавајќи да не
предизвикате други оштетувања. Во случај на
инцидент со лична повреда или повреда на трето
лице, пристапете веднаш кон постапката за давање
најсоодветна прва помош за дадената состојба и
обратете се во соодветен центар за здравствена
заштита за неопходно лекување. Отстранете ги
темелно сите остатоци од косењето што може да
предизвикаат дефект или повреди на лица или
животни ако останат незабележано во машината.
Ограничување при употреба
• Не користете ја машината никогаш кога 
има оштетени делови, ако недостасуваат 
или не се правилно поставени (вреќата 
за  собирање, заштитата на страничниот 
испуст, заштитата на задниот испуст).
• Не користете ја машината ако 
дополнителната/помошната опрема не 
е поставена на дадените точки.
• Не исклучувајте, дезактивирајте, вадете ги 
манометарот и поставените безбедносни 
системи/микропрекинувачи.
• Не менувајте ги регулациите на моторот и не 
доведувајте го моторот во голем режим на работа. 
Ако моторот почне да работи со прекумерен број на 
вртежи, ризикот од лични повреди се зголемува.
• Не изложувајте ја машината на непотребни 
сили и не користете мала машина за 
изведување тешки работи; адекватно 
користење на машината го намалува ризикот 
и го подобрува квалитетот на работата.
2.4
ОДРЖУВАЊЕ, ОДЛАГАЊЕ И ТРАНСПОРТ
Редовно одржувајте и правилно одложете 
ја машината за да ја одржите безбедноста 
на машината и нивото на работа.
Одржување
• Никогаш не користете ја машината со 
користени или оштетени делови. Оштетените 
или дефектните делови треба да се  
заменат, никогаш да не се поправаат.
• За да го намалите ризикот од пожар, 
редовно проверувајте дали има 
пролеано масло и/или гориво.
• Во текот на операциите за регулирање на машината, 
обрнете внимание и избегнувајте прстите да ви 
се наоѓаат заглавени во уредот со сечивото во 
движење и фиксните делови на машината.
Дадените нивоа за бучава и вибрации во ова
упатство се максимални вредности при употреба на
машината. Употребата на елемент за косење којшто
не е стабилен, движењето со преголема брзина,
неодржувањето на машината значително влијаат
врз емисијата на бучава или вибрации. Затоа,
неопходно е да применувате заштитни мерки за да
елиминирате можни оштетувања заради зголемена
бучава или значителни вибрации. Редовно
одржувајте ја машината, носете слушалки против
бучава и правете паузи во работата.
Одлагање
• Никогаш не чувајте ја машината со гориво во 
резервоарот во просторија каде испарувањата 
од горивото може да допрат до отворен 
пламен, искра или до извор на топлина.
• За намалување на ризикот од оган, не оставајте 
полни контејнери во затворен простор.
2.5
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Заштитата на животната средина треба да 
се извршува релевантно и приоритетно при 
употреба на машината во корист на граѓанските 
погодности и на просторот во кој живееме.
• Избегнувајте појава на елементи што го нарушуваат 
непосредното опкружување. Користете ја машината 
само во разумно време (не многу рано наутро и 
доцна навечер кога може да ги вознемирите луѓето).
• Доследно следете ги локалните закони за 
фрлање на амбалажата, делови во распаѓање 
или какви било елементи со штетно влијание 
врз животната средина. Овие отпадоци не 
смеат да се фрлаат во ѓубре, туку треба да 
се селектираат и да се однесат во соодветни 
собирни центри за рециклирање материјали.
• Следете ги во целост локалните закони за фрлање 
на материјалите што се резултат на сечењето.
• При исфрлање од употреба, не оставајте 
ја машината каде било во природата, туку 
предајте ја во собирен центар во согласност 
со важечките локални закони.
MK - 3

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Mp2 554 serieMp2 504 roller serieMp2 554 roller serieTwinclip 50 sve-r bTwinclip 50 sveq bTwinclip 50 sq h ... Mostrar todo

Tabla de contenido