OBJ_BUCH-1126-005.book Page 270 Wednesday, April 27, 2016 3:07 PM
270 | Македонски
Монтажа на Bosch-работна маса
GTA-работните маси на Bosch на електричниот апарат му
нудат стабилност на секоја подлога со помош на ногарките
што се подесливи во висина. Подлогите за делот што се
обработува на работната маса служат како потпора на
подолгите делови за обработка.
Прочитајте ги сите напомени за предупредување
и упатства што се приложени кон работната маса.
Грешките настанати при непридржување до
напомените за предупредување и упатствата може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки
повреди.
Монтирајте ја прописно работната маса, пред да
го монтирате електричниот уред. Беспрекорната
монтажа е важна за избегнување на ризикот од нејзино
распаѓање.
– Монтирајте го електричниот апарат во транспортна
положба на работната маса.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања
на дишните патишта на корисникот или лицата во
околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест може да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Секогаш користете вшмукувач за прав.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Вшмукувачот за прав/струготини може да се блокира
поради прав, струготини или скршени парчиња од делот
што се обработува.
– Исклучете го електричниот уред и извлечете го
струјниот приклучок од ѕидната дозна.
– Почекајте додека листот на пилата целосно не дојде во
состојба на мирување.
– Откријте ја причината за блокада и отстранете ја.
Сопствено вшмукување (види слика C)
– Прицврстете го адаптерот за вшмукување 27 на
исфрлувачот на струготини 37.
– Притиснете ја стегата на вреќичката за прав 1 и ставете
ја вреќичката за прав над адаптерот за вшмукување 27.
Стегата мора да влегува во отворите на адаптерот за
вшмукување.
– Повторно отпуштете ја стегата на вреќичката за прав.
1 609 92A 2N6 | (27.4.16)
За време на сечењето, вреќичката за прав и адаптерот за
вшмукување никогаш не треба да дојдат во допир со
подвижните делови на уредот.
Редовно празнете ја вреќичката за прав.
Надворешно вшмукување
За вшмукување, на адаптерот за вшмукување 27 може да
приклучите и црево за вшмукување на прав (Ø 32 mm).
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.
Менување на листови за пилата
(види слики D1–D3)
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
При ставањето на листот на пилата носете заштитни
ракавици. Доколку го допрете листот на пилата постои
опасност од повреда.
Употребувајте само листови за пила, чија максимално
дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи
на вашиот електричен апарат.
Користете само листови за пила, кои одговараат на
наведените податоци во ова упатство за употреба или се
проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.
Користете само листови за пила, што се препорачани од
производителот на овој електричен апарат и со погодни за
материјалот што сакате да го обработувате.
Вадење на листот од пилата
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Олабавете ги завртките 39 и 38 со испорачаниот
крстест одвртувач 30.
Не ги одвртувајте целосно завртките.
– Притиснете на лостот за блокада 4 и навалете ја
осцилаторната заштитна хауба 8 наназад до крај.
Држете ја осцилаторната заштитна хауба во оваа
позиција.
– Свртете ја шестаголната завртка 41 со испорачаниот
прстенест клуч 35 и истовремено притиснете ја
блокадата на вретеното 40 додека не се вклопи.
– Држете ја притисната блокадата на вретеното 40 и
одвртете ја завртката 41 во правец на стрелките на
часовникот (лев навој!).
– Извадете ја подлошката 42 и стезната прирабница 43.
– Извадете го листот за пилата 7.
Bosch Power Tools