336 | Македонски
отклучување (1)ќе влезат во соодветните отвори на
заштитниот капак (11).
Поставете ја заштитната хауба (11) на тој начин што
u
ќе го спречи летањето на искри во правец на лицето
што ја користи.
Заштитниот капак (11) смее да се врти само со
u
притискање на лостот за отклучување (1)! Инаку,
електричниот алат не смее да се користи и мора да
се предаде на сервисната служба.
Напомена: Кодираните запци на заштитниот капак (11)
гарантираат, дека на електричниот алат може да се
монтира само еден заштитен капак што му одговара.
Заштитна хауба за сечење
При сечењето со композитни брусни средства
u
секогаш користете ја заштитната хауба за сечење
(16).
При сечењето во камен погрижете се за доволно
u
вшмукување на правта.
Заштитната хауба за сечење (16) се монтира како
заштитна хауба за брусење (11).
Хауба за вшмукување при сечење со лизгачка
водилка
Заштитната хауба за сечење со лизгачки водилки (30) се
монтира како заштитна хауба за брусење (11).
Дополнителна рачка
Користете го вашиот електричен алат само со
u
дополнителна рачка (10).
Навртете ја дополнителната рачка(10) од десно или од
лево на погонската глава во зависност од начинот на
работа.
Дополнителна рачка за придушување на вибрациите
Дополнителната рачка за
придушување на
вибрациите овозможува
работење со мали
вибрации и пријатна и безбедна работа.
Во никој случај не ја менувајте дополнителната
u
рачка.
Не ја користете оштетената дополнителна рачка.
Заштита за дланките
За работење со гумен диск за брусење (21)или со
u
лончеста четка/плочеста четка/ламелеста брусна
плоча секогаш монтирајте ја заштитата за рацете
(20).
Зацврстете ја заштитата за рацете (20) со
дополнителната рачка (10).
Монтирање на брусни алати
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
1 609 92A 4B1 | (09.05.2018)
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за
u
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
Исчистете го вретеното за брусење (19) и сите делови за
монтирање.
За зацврстување и олабавување на брусните алати
притиснете го копчето за блокирање на вретеното (3), за
да го зацврстите вретеното за брусење.
Притиснете го копчето за блокирање на вретеното
u
само кога вретеното за брусење е во состојба на
мирување. Инаку електричниот алат може да се
оштети.
Брусни плочи/брусни плочи за сечење
Внимавајте на димензиите на алатите за брусење.
Дијаметарот на дупката мора да одговара на приклучната
прирабница. Не користете адаптери или редуктори.
При употребата на дијамантските брусни плочи за сечење
внимавајте на тоа, стрелката за правецот на вртење на
дијамантската брусна плоча за сечење да се поклопува со
правецот на вртење на електричниот алат (погледнете ја
стрелката за правец на вртење на погонската глава).
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
страница.
За прицврстување користете ја брусната плоча/дискот за
сечење без други алати со брзозатезната навртка (14).
Користете ја брзозатезната навртка (14) само со
брусната плоча/дискот за сечење до максимален
дијаметар од 150 mm.
Брзозатезната навртка (14)смее да се користи
u
само за брусни плочи или дискови за сечење.
Користете само беспрекорни, неоштетени
u
брзозатезни навртки (14).
При затегнување внимавајте на тоа, страната со
u
натпис на брзозатезната навртка (14) да не
покажува кон брусната плоча.
За прицврстување на брусната плоча/дискот за
u
сечење користете ја исклучиво испорачаната
брзозатезна навртка (14).
Притиснете на копчето за
блокирање на вретеното
(3), за да го зацврстите
вретеното за брусење. За
да ја зацврстите
брзозатезната навртка
(14), отворете го нагоре
држачот на брзозатезната
навртка и свртете ја силно
во правец на стрелките на
часовникот. Потоа
преклопете го надолу
држачот за фиксирање на
брзозатезната навртка. Не
е доволно затегнување
на работ на дискот.
Bosch Power Tools