Всисување На Прав/Струготини; Ставање Во Употреба - Bosch GWS Professional 18V-10 C Manual Original

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 49
338 | Македонски
Погонската глава може да
ја вртите со чекори од 90°.
Притоа, прекинувачот за
вклучување/исклучување
за специјалните случаи на
работа може да се постави
во поповолна позиција за
ракување, на пр. за
левораки лица.
Целосно одвртете ги 4-те
завртки. Внимателно навалете ја погонската глава и без
да ја извадите од куќиштето ставете ја во новата
позиција. Повторно навртете ги 4-те завртки.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2 .
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Наполнетата батерија (8) притиснете ја однапред
навнатре во подножјето на електричниот алат, додека не
се заклучи батеријата.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат, лизнете
го прекинувачот за вклучување/исклучување (6)
нанапред.
Претходно избирање на број на вртежи (GWS 18V-10 SC)
Со копчето за избор на број на вртежи (34) може да го изберете потребниот број на вртежи и за време на работата.
Податоците во приложената табела се препорачани вредности.
1 609 92A 4B1 | (09.05.2018)
За фиксирање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (6) притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (6) нанапред надолу додека не
се вклопи.
За да го исклучите електричниот алат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (6) одн.
доколку тој е блокиран, кратко притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (6) наназад
надолу и потоа ослободете го.
Пред употребата проверете ги алатите за брусење.
u
Алатот за брусење мора да биде монтиран
беспрекорно и да може слободно да се врти.
Направете проба од најмалку 1 минута без
оптоварување. Не користете оштетени,
нетркалезни или алати за брусење што вибрираат.
Оштетените алати за брусење може да пукнат и да
предизвикаат повреди.
Исклучување при повратен удар
При ненадејна пречка на електричниот алат,
на пр. блокирање на резот при сечење,
доводот на струја до моторот електронски ќе
се прекине. Притоа LED-работната светилка
(4) трепка бело, а приказот за статус (35)
црвено.
За повторно вклучување прекинувачот за вклучување/
исклучување (6) ставете го во положба Исклучено и
одново вклучете го електричниот алат.
Заштита од рестартирање
Заштитата од рестартирање го спречува
неконтролираното вклучување на електричниот алат по
прекин на струја.
При активирана заштита од рестартирање, приказот за
статус (35) трепка црвено.
За повторно вклучување ставете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (6) во исклучена позиција и
одново вклучете го електричниот алат.
Исклучување при удар
Интегрираното исклучување при удар го исклучува
електричниот алат, штом по пад се најде на земјата.
Притоа приказот за статус (35) трепка црвено. За
повторно вклучување ставете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (6) во исклучена позиција и
одново вклучете го електричниот алат.
User Interface (види слика D)
User Interface (5) служи за избирање на бројот на вртежи,
како и за прикажување на состојбата на електричниот
алат.
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Gws professional 18v-10 sc

Tabla de contenido