130 | Македонски
полето на самонивелирање од ±4°, ласерските линии
светат непрекинато.
При вибрации или промена на положбата за време на
работата, мерниот уред повторно се нивелира
автоматски. По повторно нивелирање, проверете ја
позицијата на хоризонталните одн. вертикалните
ласерски зраци во однос на референтните точки, за да се
избегнат грешките при поместување.
Работење без автоматика за нивелирање
(види слика F)
За работење со автоматика за нивелирање, притиснете
го прекинувачот за вклучување/исклучување (4) во
позиција „ On". При исклучена автоматика за
нивелирање, ласерските зраци континуирано светат.
При исклучена автоматика за нивелирање, мерниот уред
може да го држите слободно во рака или да го поставите
на навалена подлога. Ласерските зраци не мора да се
вертикално еден кон друг.
Контрола на точноста на мерниот уред
Влијанија на точноста
Најголемо влијание врши околната температура.
Особено температурните разлики кои се движат од подот
нагоре може да го пренасочат ласерскиот зрак.
Бидејќи топлинското раслојување е најголемо во близина
на подот, доколку е возможно монтирајте го мерниот
уред на статив и поставете го во средината на работната
површина.
Освен надворешните влијанија, до отстапување може да
доведат и влијанијата специфични за уредот (како на пр.
падови или јаки удари). Затоа, пред секој почеток на
работа проверете ја точноста на нивелирањето.
Доколку точноста на хоризонталните точкасти зраци е во
границите на максимално дозволеното отстапување, со
тоа е потврдена точноста на вертикалните точкасти зраци
и ласерски линии.
Доколку, при некоја од проверките, мерниот уред го
надмине максималното мерно отстапување, дајте го на
поправка во сервисната служба на Bosch.
Проверка на хоризонталната точност при нивелирање
на должинската оска
За проверката потребна ви е слободна мерна линија од
20 m на цврста подлога помеѓу два ѕида A и B.
– Монтирајте го мерниот уред во близина на ѕидот A на
држач (15) одн. на статив или поставете го на цврста
рамна подлога. Вклучете го мерниот уред и изберете
режим со 5 точки со автоматика за нивелирање.
1 609 92A 4HF | (20.08.2018)
A
20 m
– Насочете го хоризонталниот ласерски зрак, кој
поминува паралелно на должинската оска на мерниот
уред, на блискиот ѕид A. Оставете го мерниот уред да
се изнивелира. Означете ја средината на ласерската
точка на ѕидот (точка Ⅰ).
A
180°
– Свртете го мерниот уред за 180°, оставете го да се
нивелира и означете ја средината на точката на
ласерскиот зрак на спротивниот ѕид B (точка Ⅱ).
– Поставете го мерниот уред – без да го вртите – во
близина на ѕидот B, вклучете го и оставете го да се
нивелира.
A
– Поставете го мерниот уред по висина (со помош на
стативот или евентуално со подлогата), така што
средината на точката на ласерскиот зрак точно ќе ја
погоди претходно означената точка Ⅱ на ѕидот B.
B
B
B
Bosch Power Tools