Безбедносни Напомени За Градински Ножици На Батерија - Bosch EasyPrune Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para EasyPrune:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 26
172 | Македонски
безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно
вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат
u
на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале
со електричниот алат или не се запознаени со ова
упатство да работат со истиот. Електричните алати
се опасни во рацете на необучени корисници.
Одржување на електрични алати и дополнителна
u
опрема. Проверете го порамнувањето или
прицврстување на подвижните делови, спојот на
деловите и сите други услови што може негативно
да влијаат врз функционирањето на електричниот
алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат
на поправка пред да го користите. Многу несреќи се
предизвикани заради несоодветно одржување на
електричните алати.
Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно
u
одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се
виткаат и полесно се контролираат.
Електричниот алат, дополнителната опрема,
u
деловите и др., користете ги во согласност со ова
упатство, внимавајте на работните услови и
работата која ја вршите. Користењето на
електричниот алат за други намени може да доведе до
опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги
u
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за
држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно
ракување и контрола на алатот во непредвидливи
ситуации.
Употреба и чување на батериски алат
Полнете ја батеријата само со полнач наведен од
u
производителот. Полнач којшто е соодветен за еден
тип сет на батерии може да предизвика опасност од
пожар ако се користи за друг сет на батерии.
Електричните алати користете ги само со
u
специјално наменети сетови на батерии.
Користењето на други сетови на батерии може да
предизвика опасност од повреда или пожар.
Кога не го користите сетот на батерии, чувајте го
u
подалеку од други метални предмети, како на пр.,
спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или
други помали метални предмети што може да
предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток
спој на батериските извори може да предизвика
изгореници или пожар.
Под непредвидени околности, течноста може да
u
истече од батеријата; избегнувајте контакт. При
случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако
течноста влезе во очите, побарајте дополнителна
медицинска помош. Течност истечена од батеријата
може да предизвика иритација или изгореници.
Не употребувајте сет на батерии или алат што е
u
оштетен или изменет. Оштетени или изменети
батерии може да реагираат непредвидливо и да
F 016 L94 019 | (07.01.2020)
предизвикаат пожар, експлозија или опасност од
повреда.
Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на
u
оган или висока температура. Изложувањето на оган
или на температура повисока од 130°C може да
предизвика експлозија.
Следете ги сите упатства за полнење и не го
u
полнете сетот на батерии или алатот надвор од
температурниот опсег наведен во упатствата.
Неправилното полнење или на температура надвор од
наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја
зголеми опасноста од пожар.
Сервисирање
Електричниот алат сервисирајте го кај
u
квалификувано лице кое користи само идентични
резервни делови. Со ова се овозможува безбедно
одржување на електричниот алат.
Никогаш не поправајте оштетени сетови на
u
батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја
врши само производителот или овластен сервис.
Безбедносни напомени за градински ножици
на батерија
Оваа машина не е наменета на личности (и деца) со
u
ограничени физички, сензорни или душевни
можности, со недостаток на искуство и знаење, освен
ако не им се обезбедени соодветни инструкции или
надзор за употреба на машината од страна на личност
одговорна за нивната безбедност.
Децата треба да бидат под надзор да не си играат со
уредот.
Не дозволувајте им на деца да го користат уредот; не
u
оставајте го уредот без надзор и кога не го користите
уредот, чувајте го на безбедно место вон дофат на
деца.
Не користете го уредот по дожд и не полнете ја
u
батеријата кога врне.
Не оставајте го уредот на дожд и во влажна средина.
u
При работа со уредот одржувајте безбедно растојание
u
од други лица.
Внимавајте сечилата да не дојдат во контакт со
u
други објекти. Одстранете ги ваквите предмети од
сечилата.
Внимавајте да не пресечете некој скриен кабел.
u
Слободната рака држете ја на безбедно растојание
u
од местото на работа. Не допирајте ги сечилата. Тие
се многу оштри и можат да пресечат.
При употреба на уредот внимавајте прстите од
u
слободната рака, со којашто го држите или
придржувате предметот кој го сечете, да не бидат
изложени на сечилото.
Не присилувајте го уредот. Можете да се лизнете и да
u
се повредите, или да пресечете нешто непредвидено.
Пред секое почнување со работа, внимателно
u
проверете ги сечилата.
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido