Проблем
Можна причина
Сијаличката свети зелено
Сервото е расипано
и потоа брзо трепка
црвено
Сијаличката свети црвено
Времето меѓу два реза е премало
после успешно сечење
Одржување и сервис
Одржување, чистење и чување
Одржувајте го уредот чист, за да обезбедите добра
u
и безбедна работа.
Секогаш носете заштитни ракавици кога работете со
u
уредот или извршувате чистење или одржување.
Доколку батеријата не функционира повеќе, обратете се
кај овластената сервисна служба за Bosch-електрични
алати.
Пружината (4) меѓу рачките НЕ е заменлива и НЕ
ТРЕБА да се вади. Непридржувањето до ова
предупредување може да доведе до тешки повреди.
Замена на сечилото (види слики D1–D4)
Дополнителни сечила: F 016 800 475
Откочете го уредот со безбедносниот прекинувач (6).
Користете го шестоаголниот клуч приложен со
заменските сечила, за завртката (8) заедно со чаурата
(11) да ја одвртите и да ги ослободите сечилата.
Новите сечила поставете ги (1) како што е прикажано.
Потоа чаурата (11) ставете ја заедно со завртката (8) и со
шестоаголниот клуч зашрафете ги цврсто.
После режење/складирање
Чистете ја надворешноста на уредот темелно со мека
четка и крпа. Не користете вода, разредувачи и средства
за полирање. Одстранете ги сите остатоци.
Пред складирање, испрскајте ги сечилата со спреј за
одржување.
Уредот чувајте го на безбедно, суво место, вон дофат на
деца, со заклучен безбедносен прекинувач (6). Не
оставајте го уредот без надзор ни кога не се користи.
Не редете други предмети врз уредот.
Сервисна служба и совети при користење
www.bosch-garden.com
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Bosch Power Tools
Помош
Побарајте помош од сервис
Почекајте малку повеќе меѓу два реза
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Транспорт
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на
Законот за опасни материјали. Батериите може да се
транспортираат само од страна на корисникот, без
потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Отстранување
Електричните уреди, батериите, опремата и
амбалажите треба да се сортираат за
повторна употреба.
Не фрлајте ги уредите и батериите во
домашната канта за ѓубре!
Само за земјите од ЕУ:
Според европската регулатива 2012/19/EU
електричните апарати што се вон употреба и дефектните
или искористените батерии според регулативата
2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се
рециклираат за повторна употреба.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт
(види „Транспорт", Страница 177).
Вградената батерија смее да се извади само од
u
страна на стручен персонал. Со отворање на капакот
на куќиштето, уредот може да се уништи.
За да ја одстраните батеријата од уредот, таа мора да
биде потполно празна. Една можност за празнење на
батеријата е да сечете гранки со голем дијаметар, а
прекинувачот да е подесен на автоматско режење - серво
на позиција c. Извадете ги сечилата како што е
прикажано во делот „Одржување и чистење". Извадете го
капакот со одвртување на завртките, а потоа извадете го
белиот утикач од електрониката. Одвртете ги завртките, а
Македонски | 177
F 016 L94 019 | (07.01.2020)