Одржување И Сервис; Одржување И Чистење - Bosch GSR 10,8 V-EC TE Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GSR 10,8 V-EC TE Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 21
OBJ_BUCH-2205-001.book Page 121 Tuesday, December 9, 2014 12:02 PM
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот апарат. При преголемо оптоварување или
работење надвор од дозволените граници на температура
за батеријата, се намалува излезната јачина или се
исклучува електричниот уред. Дури по постигнувањето на
дозволената температура на батеријата, електричниот
апарат повторно работи со полна излезна јачина.
Заштита од длабинско празнење
Литиум-јонската батерија е заштитена со „Електронска
заштита на ќелиите (ECP)" од длабинско празнење.
Доколку се испразни батеријата, електричниот апарат ќе
се исклучи со помош на заштитно струјно коло:
Електричниот апарат не се движи повеќе.
Совети при работењето
 Електричниот апарат ставете го на шрафот само
доколку е исклучен. Доколку апаратот е вклучен и се
врти, тој може да се преврти и падне.
Ставете го шрафот во битот на одвртувачот/зашрафувачот
1. Шрафот ќе се држи со помош на магнетната сила од
универзалниот држач за битови 11. Притиснете го врвот
на шрафот цврсто на материјалот што се обработува,
додека граничникот за одвртување/зашрафување 4 не
застане на делот што се обработува.
Вклучете го електричниот апарат. Шрафот ќе се
зашрафува во делот што се обработува, додека не се
постигне поставената длабочина. Спојката за погонот е
отпуштена: прифатот на алатот не се врти повеќе.
Контролирајте ја длабочината на зашрафување и ев.
подесете ја.
За одвртување на шрафови поставете го прекинувачот за
правец на вртење 5 на тек лево и извлечете го
граничникот за одвртување/зашрафување 4 нанапред,
без да ја вадите чаурата за подесување.
Може да работите и со поставен граничник за
одвртување/зашрафување 4, откако ќе ја подесите
длабочината на зашрафување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно ракување со
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
 Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
Доколку батеријата не функционира повеќе, Ве молиме
обратете се во овластената сервисна служба за Bosch
електрични апарати.
Bosch Power Tools
За да овозможите непречена функција на електричниот
апарат, редовно чистете го полето за прифат на
универзалниот држач за битови 11 и граничникот за
длабочина на завртување 4 со компресиран воздух.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на уредот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Транспорт
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на
Законот за опасни материјали. Батериите може да се
транспортираат само од страна на корисникот, без
потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте
ја батеријата на тој начин што нема да се движи во
амбалажата.
Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни
национални прописи.
Отстранување
Електричните апарати, батериите, опремата и
амбалажите треба да се отстранат на еколошки
прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во
домашната канта за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според европската регулатива
2012/19/EU електричните апарати што
се вон употреба и дефектните или
искористените батерии според
регулативата 2006/66/EC мора одделно
да се соберат и да се рециклираат за
повторна употреба.
Македонски | 121
2 609 141 186 | (9.12.14)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido