VOX electronics PK611-IM Manual De Usuario página 44

Tabla de contenido

Publicidad

ДЕЛОВИ ОД АПАРАТОТ
Пред првата употреба на Вашиот апарат, запознајте се со сите негови делови. Прочитајте ги внимателно
сите Упатства за употреба и Безбедносни упатства.
1
3
2
4
УПОТРЕБА НА ВАШИОТ АПАРАТ
Пред првата уптреба, отстранете ги сите промотивни материјали и материјалот од амбалажата, и
проверете дали грејните плочи се чисти и без прашина. Доколку е потребно, избришете ги со влажна
крпа. За најдобри резултати, истурете еден филџан за кафе со масло за готвење на грејните плочи.
Намачкајте ја целата површината на плочите со апсорбирачки кујнски бришач и отстранете го вишокот
на масло.
Кога Вашиот апарат се загрева за прв пат, може да испушти благ чад и мирис. Тоа е нормално кај
повеќето грејни апарати.
• Поставете го уредот на рамна површина и внимавајте да не е во контакт со ѕид, агол или завеси.
• Никогаш не сечете палачинки на плочата за печење. Користете само дрвени или огноотпорни пластични
прибори за да избегнете гребење на нелепливиот слој.
• Вметнете го приклучокот во штекерот за струја, ќе забележите дека црвената светилка ќе засвети.
Свртете го копчето за температура на MAX и свети зелено светло за подготвеност ќе се вклучи. Ова
индицира дека уредот се загрева.
• Дозволете му на уредот да се загрева додека не се исклучи зелената светилка за подготвеност. Ова
покажува дека плочата за готвење ја има достигнато точната температура за готвење.
• За најдобри резултати, напрскајте ја плочката за готвење со спреј масло за готвење пред употреба. Ова
ќе помогне во отстранувањето на палачинките по готвењето.
• Откако зеленото светло за подготвеност ќе се исклучи истурете го тестото на плочата за печење, и
проширете го со кружно движење со помош на шпатула.
• Зелената светилка за подготвеност ќе продолжи да се вклучува и исклучува за време на готвење, што
покажува дека уредот соодветно се загрева.
• Дозволете палачинката да се готви додека површината не е повеќе течна и таа може малку да се
помести.
• Користејќи шпатула, подигнете и превртете ја палачинката целосно.
• Продолжете да готвите на оваа страна, додека долната страна малку потемнее и лесно се крева.
Извадете ја палачинката на жичаната решетка и оставете малку да се олади пред да ја поставите на
чинија.
5
1. Нелеплива површина
2. Копче
3. Светилка индикатор за
вклученост (Црвена)
4. Светилка за спремност
(Зелена)
5. Основа
3

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido