VOX electronics SM-100GM Manual De Usuario página 28

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 8
ПРЕД ПРВА УПОТРЕБА
• Внимателно прочитајте ги сите инструкци и зачувајте ги за понатамошна употреба.
• Отстранете ја целата амбалажа.
• Исчистете ги плочите за печење со сунѓер или крпа потопена во топла вода.
НЕ ПОТОПУВАЈТЕ ГО АПАРАТОТ ВО ВОДА И НЕ СТАВАЈТЕ ЈА
ПОВРШИНАТА ЗА ГОТВЕЊЕ ДИРЕКТНО ПОД МЛАЗ ВОДА
• Исушете со крпа или со хартиен бришач.
• За најдобар резултат, лесно премачкајте ги плочите со малку масло за готвење или со спреј за
готвење.
Напомена: Кога апаратот се загрева за прв пат, може да се осети благ мирис на чад. Тоа е
нормално кај поголем број на апарати за греење. Ова не влијае на безбедноста на Вашиот
уред.
КАКО ДА СЕ КОРИСТИ АПАРАТОТ
• Затворете го Grill тостерот и приклучете го на ѕиден штекер, ќе приметите дека ќе се вклучи
идникаторот за подготвеност за работа, што значи дека уредот започнал со загреавње.
• Потребни се околу 3 минути за достигнување на потребната температура за работа,
светлосниот индикатор ќе се исклучи.
• Отворете го Грил тостерот, ставете сендвич, месо или друга храна на долната плоча.
• Затворете го Грил тостерот. Индикаторот за подготвеност за работа повторно ќе се вклучи.
• Печите околу 3-8 минути, светлото повторно ќе се исклучи, или печите додека сендвичот не
биде златно-жолто испечен, односно онолку колку што одговара на вашиот личен вкус.
• Кога храната ќе е испечена отворете го капакот со помош на рачката. Храната извадете ја со
помош на пластична лопатка. Никогаш немојте да користите метални предмети или нож
бидејќи тие можат да го оштетат слојот на површината на грејните плочи.
• Откако ќе завршите со печење, исклучете го приклучокот од ѕидниот штекер и оставете го
уредот отворен за да се олади.
ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ
• Секогаш исклучувајте го апаратот и оставете да се олади пред чистење. Апаратот полесно се
чисти кога е благо топол. Нема потреба од расклопување на апаратот при чистење. Никогаш не
го потопувајте апаратот во вода ниту е наменет за чистење во машина за миење садови.
• Плочите за печење можат да се мијат во вода или во машина за миење садови.
• Исчистете ги плочите за печење со мека крпа за да ги отстраните остатоците од храна. За
запечените остатоци додајте малку млака вода со детергент преку остатоците од храна, потоа
исчистете со неабразивен пластичен предмет или поставите влажен кујнски бришач преку
плочите за да ги навлажнете остатоците од храна на плочата.
• Немојте да користите никакво абразивно сретство кое би можело да го оштети или изгребе
слојот кој штити од лепење на храната.
•Немојте да користите метални предмети за да ја отстраните храната, тие можат да ја оштетат
нелепливата површина.
•Надворешноста на апаратот исчистете ја исклучиво со влажна крпа. Немојте да ја чистите
надворешноста на апаратот со абразивен сунѓер или со челична жица бидејќи ќе се оштети
површината. Не го потопувајте апаратот во вода или во била која течност.
• Не ставајте го апаратот во машина за миење садови.
• После секоја употреба, отстранете го и испразнете го садот за собирање на вишок на масло и
измијте го садот со топла вода со сапуница. Избегнувајте употреба на сунѓер или јаки детергенти
бидејќи тие можат да ја оштетат површината. Измијте и детално исушите со чиста и мека крпа и
складирајте.
ЧУВАЊЕ
• Секогаш исклучувајте го апаратот пред да го складирате.
• Осигурајте се апаратот да е секогаш ладен и сув пред да го складирате.
• Напојниот кабел може да се измота околу долниот дел на куќиштето пред да складирате.

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido