Dremel 7020 Traducción De Las Instrucciones Originales página 232

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 83
работниот предмет или од скршениот прибор можат да летаат наоколу
и да предизвикаат повреда надвор од непосредниот работен простор.
j.
Електричниот алат држете го само за делови кога извршувате работи
при кои алатот за сечење може да дојде во контакт со скриени
електрични водови. Опремата за сечење која ќе дојде во допир со
жица под напон, може да предизвика изложените метални делови од
електричниот алат да дојдат под напон и да предизвика електричен шок
за операторот.
k. Алатот секогаш држете го цврсто во рацете при стартувањето.
Реакцијата на вртежниот момент на моторот, додека се забрзува до
полна брзина, може да предизвика алатката да се изврти.
l.
Секогаш кога е можно, користете штипалки за да го прицврстите
обработуваното парче. Никогаш не држете мало обработувано парче
во едната рака, а алатот во другата, додека е во употреба. Ако го
прицврстите малото обработувано парче, тоа ќе Ви овозможи да ги
користите рацете за да ја контролирате алатката. Тркалезниот
материјал, како што се шипки со типли или цевки имаат тенденција да
се виткаат додека ги сечете, па може да предизвикаат бургијата да се
извитка или да искокне кон Вас.
m. Никогаш не спуштајте го електричниот алат додека движењето на
приборот целосно не запре. Ротирачкиот прибор може да ја зафати
површината на која го одлагате, а Вие да изгубите контрола над
електричниот алат.
n. Откако ќе смените бургија или ќе направите било какво дотерување,
проверете дали стезната чаура стезната глава или кој и да е друг дел
за подесување е безбедно прицврстен. Лабавите делови за подесување
можат неочекувано да се слизнат и да предизвикуваат губење на
контролата, а слободно ротирачките компоненти сосила ќе бидат
исфрлени.
o. Никогаш не вклучувајте го електричниот алат додека го носите.
Случајниот контакт со ротациониот прибор би можел да Ви ја зафати
облеката, а некој дел од приборот би можел да Ви се зарие во телото.
p. Редовно чистете ги отворите за вентилација на Вашиот електричен
алат. Вентилаторот на моторот ја привлекува прашината во
внатрешноста на куќиштето, и прекумерното насобирање на метален
прав може да предизвика електрична опасност.
q. Немојте да ракувате со електричниот алат во близина на запалливи
материи. Искрите би можеле да ги запалат тие материјали.
r.
Немојте да користите прибор кој изискува течни средства за ладење.
Користењето вода или други течности за ладење може да предизвика
електричен шок.
ПОВРАТЕН УДАР И СООДВЕТНИ ПРЕДУПРЕДУВAЊА
Повратниот удар е ненадејна реакција поради блокирана или заглавена
брусна плоча, брусна лента, четка или некој друг прибор. Заглавувањето или
блокирањето предизвикува брзо придушување на ротирачкиот прибор кое,
пак, предизвикува неконтролираната електрична алатка да биде присилена во
правец спротивен од правецот на вртење на приборот.
На пример, ако брусната плоча се блокира или заглави во некое работно
парче, работ на брусната плоча која се заглавила во работното парче може да
се зарие во површината на материјалот и да предизвика испаѓање на плочата
или повратен удар. Брусната плоча може да отскокне кон или одкај лицето кое
ракува со алатот, зависно од правецот на вртење на брусната плоча на местото
на блокирање. Брусната плоча може и да се искрши под вакви околности.
Повратниот удар е последица на погрешна употреба на електричниот алат и/
или неисправно работење или услови, и може да се избегне ако се преземат
соодветните долунаведени мерки на претпазливост.
a. Електричниот алат држете го цврсто и Вашето тело нека биде во
положба во која е во состојба да им се спротивстави на силите на
повратниот удар. Оператерот може да го контролира повратниот удар
доколку се преземат исправни мерки на претпазливост.
b. Бидете посебно внимателни кога работите на агли, остри рабови и сл.
Избегнувајте одбивање или блокирање на приборот. Аглите, острите
рабови или одбивањето на приборот доведуваат до блокирање на
ротациониот прибор и тоа може да предизвика губење на контролата
или повратен удар.
c. Немојте да приклучувате лист од назабена пила. Таквите продолжетоци
232

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido