29. Вашите раце треба да бидат поставени до
патеката на листот за пилата.
30. Секогаш користете го туркачот наместо Вашите
раце за да го турнете дрвото низ пилата.
31. Секогаш поставувајте го дрвото пред клупата
на илата, а потоа турнете го назад.
32. За надолжно точно сечење мора единствено
да се користи прилагодливиот водич и мора да
се отстрани оградата.
33. Никогаш не ја користете оградата како
линеарна мерка за сечење на греди.
34. Доколку листот за пилата е блокиран: најпрво
исклучете ја машината пред да се обидете да
ја поправите неисправноста.
35. Избегнувајте отскокнување назад на работните
делови во Ваш правец со преземање на
следите мерки:
•
Секогаш користете остри листови за пила.
•
Не сечете премногу мали работни делови.
•
Никогаш не го отпуштајте работниот
дел додека истиот целосно не помине низ
пилата.
•
Секогаш прилагодувајте го водичот
паралелно во однос на листот за пилата.
•
Никогаш не ја отстранувајте заштитата
од пилата.
36. Пред да продолжите со сечење, осигурете дека
стоите цврсто и дека Вашите раце се наоѓаат
потребната позиција.
37. Никогаш не ја чистете машината со
разредувачи. За чистење користете
единствено влажно платно.
38. Не користете листови за пила кои се оштетени
или деформирани.
39. Заменете ја влошката за маса кога ќе се
истроши.
40. Користете единствено листови за пила кои се
специфицирани од страна на произведувачот
и кои се предвидени за работење со дрво или
слични материјали согласно со EN847-1.
41. Внимавајте избраниот лист за пила да биде
наменет за материјалот кој треба да се сече.
42. Кога сечете поврзете ја столната пила кон уред
за собирање на прашина.
43. Користете точно прилагодување за ножот за
сечење
44. Користете точно прилагодување за горниот
штитник на листот за пилата.
45. Внимавајте кога ги поставувате деловите во
лежиштата.
Кога го менувате листот за пилата, осигурете
150
ширината на сечилото да не биде помала и
дебелината на главното сечило од листот за
пилата не биде поголема од дебелината на
ножот за сечење.
Носете лична опрема за заштита, истата може
да вклучува:
•
Заштита за слух за да се намали ризикот од
загуба на слухот
•
Заштита за очи
•
Заштита за дишење за да се намали ризикот
од вдишување на штетна прашина
•
Ракавици кога се работи со сечила и груби
материјали (препорака, кога е практично,
листовите за пилата да се носат во контејнер)
Предупредување! Не користете HSS
сечила.
•
Кога не го користите туркачот, поставете го
во држачот.
•
Користете туркач или парче за туркање за
да го водите работното парче.
Предупредување! Не ја користете
пилата за правење отвори или
жлебови.
•
Користете единствено листови за пила
чија максимална брзина е најмалку
брзината која е укажана на пилата и е
соодветен за материјалот кој треба да се
сече.
•
Во текот на транспортот, горниот дел од
листот за пилата треба да биде покриен од
штитникот.
Веднаш исклучете ја машината доколку
откриете:
•
Дефектен приклучок за главен довод
на електрична енергија или спроводник од
главниот довод на електрична енергија.
•
Дефектен прекинувач.
•
Прегревање на машината.
•
Чад или мирис предизвикан од загорена
изолација.